fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Атанансов одржа работен состанок со првиот човек на Ветеринарната комора

 

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, оствари средба со претседателот на Ветеринарната комората на Република Северна Македонија, Томислав Николовски, на која се дискутираше за активностите кои треба да се реализираат од страна на ветеринарните друштва оваа година.

На средбата акцент се стави на воведување на новата активност од страна на АХВ: посета на докторите на ветеринарна медицина на одгледувалиштата со животни за утврдување на нивниот здравствен статус.

Оваа година е особено значајна за АХВ бидејќи се подготвува да аплицира за добивање статус на слободна земја од чума.

Агенцијата за храна и ветеринарство е посветена на професионалност и продолжува да биде партнер на сите засегнати субјекти, соопштуваат од агенцијата.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close