fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

На гости кај сточарите Даниел и Петре Пешови во село Виничка Кршла

Овие двајца вредни сточари одгледуваат 300 грла овци, и произведуваат приближно 2.000 кг бело овчо сирење, подготвено на традиционален начин.

Даниел и Петре Пешови во село Виничка Кршла, овие двајца вредни сточари одгледуваат 300 грла овци, и произведуваат приближно 2.000 кг бело овчо сирење, подготвено на традиционален начин. За поздрав е што вршат продажба од праг како регистрирани производители на храна, членови се на Слоу фуд, а Даниел е и претседател на здружението “Млади сточари”. Нивното вкусно сирење веќе е на секоја трпеза во домаќинствата овде во Истокот.
Ги информирав дека од оваа година се зголемува процентот за кофинансирање кај мерката педигриран добиток на 70%, а воедно имаме и нова програма за поддршка на малите производители на храна со грант до 10.000 евра за набавка на опрема на производството. Сигурен сум дека Даниел и Петре ќе ја искористат оваа можност, за да си го зголемат, олеснат и дополнително промовираат сопственото производство, објави министерот Љупчо Николовски кој заедно со директорот на Платежната егенција Никица Бачовски беа во посета на фармата  .
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close