fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Атанасовски-Во пазарот во Битола наместо старите тезги се поставуваат нови павилјони

Во јуни продавачите ќе ги добијат новите павилјони

Нов лик добива Зелениот градски пазар во Битола по  реконструкцијата на павилјоните каде се продаваше јужно овошје, цвеќиња, бижутерија, играчки и други производи. На местото на старите тезги, ќе се постават нови модерни павилјони со што се подобруваат условите за работа на ЈП „Пазари“ Битола,

Нема достапен опис

Директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски вели дека за две до три недели прокетот ќе биде завршен комплетно.

Нема достапен опис

-Во комуникација со изведувачот се надеваме на почетокот на јуни да бидат пуштени новите павилјони. Пазарот ќе стане една целина, комплетно ќе биде осветлен, со спроведени одвод и водовод, модерени тезги, такви мислам дека нема низ другите пазари во Македонија, ќе изгледаат како дуќани, а по работното време се спуштаат само ролетни. Тука се продаваше јужно овошје, продавачите нема веќе да бидат на улица, туку сите ќе бидат во пазарот, рече Владе Атанасовски, директор на „Пазари“-Битола.

Нема достапен опис

Реконструкцијата чини 14 милиони денари, половина од средствата се од Општина Битола, а другата половина од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

-Едно од ветувањата во мојата изборна програма како градоначалник беше реконструкција на овој дел од пазарот покрај управната зграда, бидејќи сите знаемне во каква состојба беше. Недоличните најлони за еден град како што е Битола се отстранети. Денес овој дел од пазарот изгледа сосема поинаку, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Нема достапен опис

Условите во пазарите треба да се подобруваат особено онаму каде што се продаваат прехрамбени производи, рече Никола Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

-Во изминатиот период во земјава имавме навистина засилени контроли бидејќи количината на уништен небезбеден производ само во првиот квартал изнесуваше 67 тони, од нив 44 тони веќе ги уништиле самите оператори по налог на нашите инспекциски служби, а 23 тони уништени директно по нас. Тоа се производи кои не ги задоволуваат потребните услови да бидат прогласени за безбедни според праволниците, рече Бабовски.

Нема достапен опис

А.Б

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close