fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Малишиќ за ВЕЧЕР: Лебот, брашното и печивата ќе поскапат за над 10 отсто?!

Берзанската цена на пченицата како основна суровина повторно почна да расне. Од жетвата 2022 цената на берзите е зголемена за околу 10 отсто, а и зголемувањето во Србија е исто така 10 проценти. Тоа значително ќе ја зголеми цената на брашното и на лебот со печивата за минимум 10 проценти во наредниот период. Цената на струјата на слободниот пазар исто така е многу висока, а има најави и дека ќе продолжи да расте. Во август изнесуваше 32 денари за киловат час, изјави за ВЕЧЕР, Горан Малишиќ претседател на Групација на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора.

Цената на лебот, брашното и печивата ќе се зголемат за над 10 отсто поради скапата струја и зголемената цена на новата реколта на пченицата на светските берзи. Се уште нема одговор на барањето за поевтина струја за компаниите од мелничко-пекарската индустрија, кои најавија зголемување на нивните производи. Тие исто така бараат ноќните вишоци кои ЕСМ ги продава надвор прво да им ги понуди нив, бидејќи 75 отсто отсто од производството на пекарската индустрија се изведува во ноќните часови.

-Берзанската цена на пченицата како основна суровина повторно почна да расне. Од жетвата 2022 цената на берзите е зголемена за околу 10 отсто, а и зголемувањето во Србија е исто така 10 проценти. Тоа значително ќе ја зголеми цената на брашното и на лебот со печивата за минимум 10 проценти во наредниот период. Цената на струјата на слободниот пазар исто така е многу висока, а има најави и дека ќе продолжи да расте. Во август изнесуваше 32 денари за киловат час, изјави за ВЕЧЕР, Горан Малишиќ претседател на Групација на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора.

За да се спречи понатамошно зголемување на цената на лебот, брашното и печивата потребно е дрќавата да им даде субвенции или да ја ограничи цената на струјата како во некои од државите во регионот.Исто така тој побара ноќните вишоци што ги продава ЕСМ, прво да им ги понуди нив.

Околу 75 отсто од производството на пекарската индустрија се изведува во ноќните часови, поради тоа ноќните вишоци што ги продава ЕСМ би биле добредојдени. Наместо да ја продава надвор, тие вишоци да ни ги понуди нам по поевтина цена, додава Малишиќ.

Освен струјата и пченицата поскапени се сите метеријали за пакување и банкарските трошоци за провизија и поради сето ова неминовно е зголемување на цената на производите од мелничко-пекарската индустрија.

Барањето за обезбедување на поевтина струја не е само барање на компаниите од мелничко-пекарската индуструија, туку и на компаниите од другите индустрии и на сите комори. Деновите, како што рече најавени се некои состаноци со ресорните министерства, па останува да видиме дали ќе ги прифатат нашите барања.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close