fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Објавен повик  од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година по мерката 113

 

Објавен повик  од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година по мерката 113

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој   го објави  првиот повик за оваа година за користење на средтсва од Програмата за финансиска  поддршка  на руралниот развој за 2020 година.

Повикот се однесува на мерката 113 за поддршка за поттикнување на земјоделското производство.

Право на користење на средства имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 113 изнесува 1.200.000,00 денари. Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати (години). Поддршката е условена со задолжително исполнување на предвидените активности од Деловниот план за мерка 113.

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Повеќе информации може да дознаете на овој ЛИНК. Кој  се може да аплицира и за што може да се искористат средствата може да се види повеќе во упатството  кое може да го симнете на следниот ЛИНК.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close