fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

К-15 од најмалку 12.000 денари ќе има и покрај кризата

За 10 дена работодавците треба да почнат со исплата на регресот за годишен одмор, познат како К-15. Од 1 јули до 31 декември парите од регресот треба да легнат на сметките на сите во приватниот сектор, кои кај ист работодавец работеле најмалку шест месеци во оваа календарска година.

За 10 дена работодавците треба да почнат со исплата на регресот за годишен одмор, познат како К-15. Од 1 јули до 31 декември парите  од регресот треба да легнат на сметките на сите во приватниот сектор, кои кај ист работодавец работеле најмалку шест месеци во оваа календарска година.

К-15 се пресметува како 40 проценти од просекот на трите последни просечни плати на ниво на држава објавени пред исплатата. Во моментов К-15 изнесува 12.000 денари, но доколку просечната плата продолжи да расте, сумата што треба да се исплати како регрес за годишен одмор до крајот на годината, ќе биде поголема. К-15 треба да добијат и дел од вработените во јавниот сектор, односно вработените во управата и правосудството, општините…, зашто имаат потпишано Колективен договор, во кој е внесено и ова право. За останатите административци Сојузот на синдикатите води битка со власта и подготвува штрајк, за да издејствува да го добиваат од наредната година.

Иако е период на голема криза и компаниите се жалат дека финансиски стојат сè полошо, претседателот на ССМ, Дарко Димовски, предупредува дека и годинава останува обврската за исплата на К-15 на сите кои им следува според колективен договор.

-Согласно со колективните договори за приватниот сектор и за јавниот сектор, исплатата на регресот за годишен одмор и годинава е задолжителна. Работодавците треба да исплатат најмалку 40 проценти од просекот на трите просечни плати на ниво на држава, но и повеќе, таму каде што тоа е предвидено со колективен договор на ниво на работодавец. Ние во ССМ, на пример, наскоро ќе почнеме со исплатата на К-15 и тоа во висина од 60 проценти, зашто така е предвидено со нашиот колективен договор, кој е поповолен од општиот, вели Димовски за весникот ВЕЧЕР.

Тој додава дека Синдикатот нема да толерира неисплата на К-15 и ќе им помогне на работниците кои ќе пријават дека не го добиле или го добиле, но во помала  сума.

-Нудиме бесплатна правна помош и ќе поведуваме судски постапки во име на работниците, на кои ќе им се скрати ова право. Нашата практика покажува дека по нашите тужби судовите решаваат во корист на вработените и тоа во рок од три до четири месеци, вели Димовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close