fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Вреќа ориз колку вреќа ѓубриво

Оризарите револтирани од ниската откупна цена

Оризопроизводителите се револтирани од ниската откупна цена од 20 денари за килограм оризова арпа. Велат не може една вреќа оризова арпа да се продава колку една вреќа ѓубре. Бараат загарантирана откупна цена од 25 до 50 денари, во спротивно се заканија дека ќе излезат на масовни протести. Околу 60 отсто од ланската реколта е непродаден, а загрижени се и за пласманот на годинашната реколта. Го продаваат кој кај ќе стигне, на пазар, по роднини, пријатели само да се продаде.

Оризопроизводителите од Кочанско не се задоволни од моменталната откупна цена која изнесува 20 денари за килограм оризова арпа која не ги покрива ниту производните трошоци и бараат минималната цена да биде 30 денари за килограм. Велат дека имаат и големи резерви од минатогодишната реколта кои стојат непродадени во амбарите поради ниската цена. Бараат загарантирана откупна цена од 25 до 50 денари, во спротивно се заканија дека ќе излезат на масовни протести

Оризопроизводителите велат дека околу 60 отсто од ланската реколта е непродаден, а загрижени се и за пласманот на годинашната реколта. Го продаваат кој кај ќе стигне, на пазар, по роднини, пријатели само да се продаде.

-Околу 60 отсто од ланскиот ориз стои непродаден во амбарите, а годинава површините под ориз се зголемени за 1.500 хектари, односно производството е зголемено за 50 отсто во однос на лани. Ова година летото беше многу топло и беше поволно за вегетација на оризот, од друга страна имаше доста дождови кои беа поволни за производство и придонесоа за добар квалитет на оризот. Затоа очекуваме и добра откупна цена, но пласман и годинава оди многу тешко, вели Стојче Тасовски оризар од с. Облешево.

Оризопроизводителите велат дека трошоците за репроматеријали годинава им се зголемени за 50 отсто, вештачкото ѓубре, препаратите за прскање…се е зголемено, а откупната цена на оризот е иста. Бараме таа да биде најмалку 30 денари за килограм оризова арпа за да може да ги покриеме трошоците за производство. Не може една вреќа оризова арпа да се продава колку една вреќа ѓубре.

-Откупот оди многу тешко. Исто беше и лани затоа половина од ланската реколта остана непродадена. Немаме загарантиран откуп, па секој се снаоѓа како знае. Оризот го продаваме и на мало и на големо, на пазар, по роднини, пријатели само да се продаде и да дојдеме до некој денар за да може да имаме за наредно производство и за живот, вели Тасовски.

Дел од оризопроизводителите кои не можат да го издржат притисокот од порастот на цените на репроматеријалите и ниската откупна цена на оризот се откажуваат од производство на оваа култура. Велат дека и покрај тоа што на оваа подрачје оризот добро вирее, нема заработувачка. Затоа планираат да ги намалат површините посеани под ориз и да засадат други култури.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close