fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Заради блокади од опозицијата во Собранието не можат да бидат исплатени субвенциите за тутунарите и сточарите, обвинува Николовски

НИКОЛОВСКИ-20.000 тутунари, 10.000 сточари ги чекаат субвенциите за кои Владата има обезбедено средства, но заради блокади од опозицијата во Собранието не можат да бидат исплатени.

-Граѓаните се уморни од дневно-политички судири, блокади и препукувања. 20.000 тутунари, 10.000 сточари ги чекаат субвенциите за кои Владата има обезбедено средства, но заради блокади од опозицијата во Собранието не можат да бидат исплатени. Во вакво време на светска економска криза, кога главен фокус и приоритет ни е зголемување на домашното производство, неодговорно е да се прават било какви опструкции, за закони кои се од интерес на земјоделците и на граѓаните.
Мора да ги заборавиме партиските разлики и желбата за власт во време на вакви кризи. Македонскиот земјоделец има приоритет, овие блокади не смеат да бидат на грбот на земјоделците и на грбот на овие вредни луѓе кои што треба да обезбедат домашно производство на храна, што е најголемата борба и битка на секоја една држава па и на нашата во овој период .
Ги повикувам сите 120 пратеници ,на разум, одговорност и свесност, да ги изгласаат законските решенија, да ги исплатиме субвенциите на земјоделците, изјави министерот Љупчо Николовски во интервју за ТВ Шења.

-Подготвивме и донесовме Национален план за производство на храна, исполнувајќи уште едно ветување дадено пред граѓаните. Обезбедивме Интервентен фонд вреден 400 милиони денари поддршка за земјоделците, а со ребалансот на Буџетот очекувам да биде зголемен на 900 милиони денари до крајот на годината. Со овие програми земјоделците добиваат 40 отсто дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2500 денари по хектар за сончоглед и јачмен.

Националниот план содржи мерки за секој земјоделец, преку мерки за поддршка при набавка на вештачко ѓубриво, мерки за сточартвото, за живинарарвото, мерки за одгледувачите на свињи, мерки со кои во овие крозни моменти помагаме секој земјоделец полесно да ја помине кризата.

Целта ни е да го зголемиме домашното производство, и на долг рок да бидеме увозно независни за стратешките култури, како што е примерот со јачменот, рече министерот.

Можно е да е слика од 1 лице, седи, стоење, внатре и текст кој вели „LIME THE“
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close