fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Укината одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед

Одлуката била донесена врз основа на констатираната состојба дека тековното домашно производство на масло од сончоглед редовно го снабдува домашниот пазар за потребите за широка потрошувачка односно за сервисирање на граѓаните

Владата на денешната седница донесе одлука да престане важноста на одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед, информира владината прес-служба.
Одлуката била донесена врз основа на констатираната состојба дека тековното домашно производство на масло од сончоглед редовно го снабдува домашниот пазар за потребите за широка потрошувачка односно за сервисирање на граѓаните, оти постоечките количини позитивно влијаат на стабилната состојба со овој основен прехранбен производ, како и дека нема потреба да се создаваат вишоци, односно залихи на масло од сончоглед за јадење.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close