fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Добиваме или губиме од раното будење на природата?

Една вреќа вештачко ѓубриво достигна до 50 евра, така што луѓето штедат на потхранување на житните култури. Од раното будење на природата има само негативни ефекти, нема ништо позитивно.

Деновиве сме сведоци на пријатни температури кои потсетуваат на пролет.

Но, од ова рано будење на природата ќе имаме штети. Ангелко Ангелески, агрометеоролог при Управата за хидрометеоролошки работи објаснува дека од овие температури ќе страдаат житариците. Додава дека тие ги трошат јаглехидратите од почвата, влага немаме, затоа што немавме дождови, а отпорноста на штетници се намалува. Дополнително, вели дека земјоделците штедеа на ѓубрива поради скапотијата.

„Една вреќа вештачко ѓубриво достигна до 50 евра, така што луѓето штедат на потхранување на житните култури. Од раното будење на природата има само негативни ефекти, нема ништо позитивно. Ако овошките почнат да цутат и се развијат, односно направат плод, потоа на температури од  -1, -2 степени доаѓа до измрзнување ако се во фаза на цвет, ако се со формиран плод, на -4, -5 степени, ќе бидат уништени. Најрано цвета бадемот и коскестите овошја, јаболкото расцветува нешто подоцна. Ваквото време е поволно само за кроење на лозјата и овошните насади и за да можат луѓето да шетаат по парковите. Имало периоди кога во март сме имале снег или во април сме имале ниски температури.  Зимава во Скопје не видовме снег“, рече Ангелески.

Сопствениците на насади со бадем потврдуваат дека високите температури не се во  нивна полза.

„Имаме 9.000 садници, плус уште 4.000 нови и ако продолжат температурите над 15 степени, наскоро бадемот ќе цути, а тоа секако е штетно не само за бадемот, туку и за другите овошки“, додава овоштар од Росоман.

Во околината на Радовиш мал дел од дрвцата веќе цутат.

„Ако вака продолжи за 10-тина дена очекувам дека сите бадемови дрвца ќе цутат. Тоа не е добро, затоа што понатаму температурите можат да паднат, бадемите да измрзнат и да нема род“, вели радовишанец која поседува еден хектар површина под бадем.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close