fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Општина Могила потпиша договор за прекугранична соработка со Општина Малик од Албанија

Активностите во проектот се развиени со цел да се задоволат сите потреби на целните групи во општините

Општина Могила потпиша договор со Општина Малик од Република Албанија за прекугранична соработка. Активностите во проектот се развиени со цел да се задоволат сите потреби и ограничувања на целните групи, првично, процесот на подобрување на јавната инфраструктура ќе одговори на потребата на локалните власти да ги спроведат своите одговорности за изградба и одржување на секундарни и терцијарни мрежи за наводнување и дренажа. Во исто време преку развивање на дигиталната платформа, локалните власти и сите релевантни заинтересирани страни ќе го подобрат системот за рано предупредување, што ќе овозможи навремена заштита од поплави или други природни непогоди.

Системите за заштита на земјоделското земјиште и егзистенција ќе бидат поддржани со развој на заеднички мерки за управување со ризик кои имаат влијание врз сите жители во областа, каде што сите целни групи ќе бидат вклучени во развојот на заедничките мерки за управување со ризик.

Со зголемувањето на свеста кај агропроизводителите за управување со поплавите, ќе имаме влијание врз вкупното население во таргетираните области и особено на 12000 агропроизводители директно ќе се достигнат преку активности за подигање на свеста кои даваат специфично знаење на населението и земјоделските производители за вклучување во спроведувањето на мерките за заштита и превенција.

619.924 илјади евра од Владата за Општина Могила

Градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска во Владата на Република Северна Македонија, со Министерството за транспорт и врски потпиша Меморандум за разбирање во процесот на имплементација на „Проектот за поврзување на локални патишта”.

Проектот се финансира со средства од Меѓународната Банка за обнова и развој, во висина од 70 милиони евра, од кои на Општина Могила и се доделени средства во износ од 619.924,00 евра.

Наредниот период ќе бидат изградени нови локални улици и патишта во општината.

Голем успех на фудбалската школа „Еден На Еден“ од Могила

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила во финалето на престижниот “Пандев Куп” издвојуваа убедлива победа.

Во конкуренција на ЦСКА Софија, Победа Прилеп, Баласица, Академија Пандев и многу други реномирани екипи.

На финалниот натпревар  помеѓу екипите ФК Академија Пандев – ФК Еден На Еден беше издвојуван резултат од 7-8.

Пред зградата на Општина Могила беше организиран пречек за младите шампиони на кого што присуствуваше и градоначалничката Гулевска.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close