fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски и Бачовски во посета на семејството Маневи во село Чифлик

Ова семејство кое 15 години се занимава со одгледување на ориз, е позитивен пример за максимално искористување на субвенциите кои ги нудиме, и усовршување, модернизирање и олеснување на производството.

Во посета сум на семејството Маневи во село Чифлик. Ова семејство кое 15 години се занимава со одгледување на ориз, е позитивен пример за максимално искористување на субвенциите кои ги нудиме, и усовршување, модернизирање и олеснување на производството. Преку ланскиот јавен повик, Орце си набавил комбајн, а денес ни го пренесе позитивното искуство и реалната потреба од ваквите мерки. 🌾
Ги повикувам сите заинтересирани оризопроизводители да аплицираат на новиот јавен повик кој е во тек за набавка на специјализирани комбајни за ориз или мобилни сушари за ориз, водени топови и распрскувачи. Крајниот рок за аплицирање е 6 јули 2022 година, а максималниот износ по корисник е 3.500.000 денари.
Го слушаме гласот на земјоделците, работиме, ги прифаќаме нивните предлози, и заедно креираме мерки за зголемување на домашното производство и поддршка на оризопроизводството, објави Николовски на ФБ .
Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и трева
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close