fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Филип и Христијан Васеви- најмладите сточари во Пијанец

Игор и Билјана Васеви се горди на своите синови.

Филип (10) и неговиот брат шест годишниот Христијан се најмладите сточари во Пијанец. Овие вредни деца преку летото целото слободно време го поминуваат на фармата со крави во Делчевско, во природа. Иако мали веќе стекнуваат искуство како се чува стоката и ккао треба да се грижат за неа.

Нивните родители Игор и Билјана Васеви се горди на своите синови.

-Фармата со крави е наш фамилијарен бизнис се наоѓа во подножјето на планината Голак,  ја одржуваме повеќе од 20 години. Во моментов имаме 34 грла добиток, а нашите синови целото слободно време го поминуваа со стоката. И двајцата имаат голема љубов и желба да ја чуваат стоката и да се грижат околу неа, велат Игор и Билјана Васеви кои потенцираат дека љубовта кон животните е голема на ова семејство.

А.Б

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close