fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Од денес треба да почне поевтинувањето на прехранбени производи, вели Бектеши

Во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 појасни дека производителите на прехранбени производи ќе треба да им понудат на маркетите нови намалени цени, но дека треба да се има предвид и фактот дека маркетите имаат залихи од претходно.

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува од денес да почне намалувањето на цените на одредени прехранбени производи поради одлуката на Владата со која производителите на храна ќе добијат субвенционирана цена за електричната енергија.

Во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 појасни дека производителите на прехранбени производи ќе треба да им понудат на маркетите нови намалени цени, но дека треба да се има предвид и фактот дека маркетите имаат залихи од претходно.

– Одредени маркети имаат залихи од претходно. Од 1 декември  треба да почне намалувањето на цените. Производителите на прехранбени производи ќе почнат да им нудат на маркетите нови цени кои се намалени согласно одлуките за субвенционирана електрична енергија, рече Бектеши.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close