fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Редици од полноќ за ајварки пиперки од 35 денари за кг. во Велес, редовна цена е 60 денари

Низ мубает разбравме дека кај 23ч. треба да дојде црвена куртовска капија по цена од 35 денари за килограм. Тоа време отидов на пазарчето и чекав, но беше забележливо дека има и други лица кои се заинтересирани, велат велешани

Високата цена на ајварската пиперка куртовска капија е причина да има голема побарувачка ако се најде поевтино. Во Велес, на пазарот во Нова Населба во петокот пред полноќ се создала редица и гужва за поевтина ајварска пиперка, која по пристигнувањето бргу се распродала.

„Низ мубает разбравме дека кај 23ч. треба да дојде црвена куртовска капија по цена од 35 денари за килограм. Тоа време отидов на пазарчето и чекав, но беше забележливо дека има и други лица кои се заинтересирани, оти тоа време никој не чека или шета на пазар без причина. Околу полноќ дојде комбето и се создаде редица, триесетина луѓе бевме. Цената беше таа што ни ја кажаа, 35 денари за килограм. И некој по две, друг по три вреќи, бргу се распродаде пиперката. Ама ние се снабдивме по ланска цена, толку колку се продаваше минатата година и ајвар годинава ќе има на трпезата. И зејтинот за разлика од лани падна на 74 денари за литар“, вели велешанка, која викендов и веќе го зготвила ајварот, а додава дека дека со оваа цена на 20 кила се заштедува колку да се купат уште десетина кила пиперки.

Таа се присетува дека на времето пред 30-40 години се чекало и за млеко и леб и за детергент, но не помни дека имало редици за ајварска пиперка. Цената на пиперката куртовска капија на пазарот се движи од 45 до 60 денари за килограм, во зависност од квалитетот, а годинава и нема многу.

Во регионот од Градско, Росоман Сирково, уште пролетта најавија дека ќе има мал род, бидејќи сушата поради хаваријата на системот „Макарија“ уништи дел од расадот. Проценките беа дека се фрли до 90 отсто од расадот.

https://sdk.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close