fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Ограбен жител на Единаковци, крадецот ги искинал парите откако бил фатен во кражба

Необична кражба на Пазарот во Битола

Необична кражба се случила на пазарот во Битола кога на жител од Единаковци му украле пари, а потоа кога крадецот кога бил фатен на лице место ги искинал парите.

-На 15.06.2021 во СВР Битола, Т.О.(72) од с.Единаковци, општина Демир Хисар, со живеалиште во Битола, пријавил дека во Градскиот пазар во Битола едно лице од џебот му одзело пари. Според пријавеното, тој го забележал и успеал да го стигне сторителот, кој, притоа ги искинал парите и побегнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close