fbpx
Вести

Болеста јазлеста кожа не го намали интересот за одгледување говеда – Сточниот фонд постојано расте

Сточниот фонд во последните неколку години бележи континуиран раст. И покрај појавата на болеста јазлеста кожа бројот добиток има зголемување. Според податоците на агенцијата за храна и ветеринарство само годинава се регистрирани нови 15 000 грла  или 7% повеќе во однос на лани. Споредбено со 2014 година сточниот фонд бил зголемен за околу 30 000 грла.

bolesta jazlesta kozha ne go namali interesot za odgleduvanje goveda stochniot fond postojano raste

 

„Ако во 2014 било околу 213 000 грла на добиток, 2015 таа бројка била зголемена некаде за 15 000 говеда, еве сега за 2016 плус 15 000 говеда на годишно ниво.  Расте таа бројка што значи растот е отприлика на некои 7% на годишно ниво“ вели Зоран Поповски – директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Директорот на агенцијата за храна и ветеринарство вели дека штети од болеста јазлеста кожа има, но брзата реакција и преземените мерки придонеле истата да не се одрази во голема мерка врз сточниот фонд и млечната индустрија.

,, Оваа болест како што беше информирана и дезинформирана јавноста дека болеста ќе влијае на сточниот фонд и ќе вијае на млекопроизводството, односно на целата млечна индустрија повторно би кажал дека тоа е една голема лага и манипулација со јавното мислење и со јавноста бидејќи досега како што и претходно кажав нема никакво големо влијание врз опаѓањето на сточниот фонд бидејќи досега бројката е околу 1500, 1600 грла кои се одземени и нештетно отстранети“ вели Поповски

Годинава на државно ниво има регистрирано над 240 000 грла говеда. Од агенцијата за храна и  ветеринарство велат голем придонес во овој позитивен тренд имаат и големиот број владини мерки меѓу кои и  субвенциите за предадено млеко и поддршката за набавка за високо продуктивни  раси на говеда кои биле причина дел од сточарите да го зголемат бројот на грла, но и поттик многу лица кои не биле во оваа дејност да започнат да се занимаваат со истата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close