fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сончево со ниски утрински температури

Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Времето денеска наутро ќе биде многу студено, преку ден претежно сончево, a на североистокот со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Најстудено е во Берово каде се измерени -14 степени.Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во Маврово се измерени -12 степени, во Крушево -11, во Крива Паланка, Битола и Прилеп -10, во Петровец кај Скопје, Штип, Демир Капија и Виница -9, во Тетово, Претор, Струмица и на Попова Шапка -8, на Зајчев рид кај Скопје -7 во Охрид -6, во Куманово -5 и во Дојран и во Гевгелија -2 степена.

Во Скопје, времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 8 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close