fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Производителите на ориз најавија протест

Оризарите во вторник ќе го блокираат патот Штип – Кочани.

Земјоделците-производители на ориз од кочанско најавија дека ќе излезат на протест и дека ќе го блокираат патот Штип-Кочани, во знак на незадоволство поради високите цени на репроматеријалите и ниската откупна цена на оризот и арпата.

Тие велат дека се уште не им е продадена околу една четвртина од ланската реколта, а за една недела треба да почне годинешната жетва.

Земјоделците велат дека нема да ја почнат жетвата, а во вторник ќе го блокираат патот Штип – Кочани.

Тие бараат да се дефинира производна цена на оризот и да се забрани увоз на неквалитетен ориз, за да се заштити домашното производство.

Од Иницијативниот одбор сметаат дека цената на оризовата арпа не смее да биде под 25 денари и ги обвинуваат откупувачите за манипулации.https://fokus.mk/proizvoditelite-na-oriz-najavija-protest/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close