fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Пандемијата ги погоди и земјоделците, но голем дел од нив не се откажуваат од земјата

За успешна работа и добиен квалитетен земјоделски производ на земјоделците им се потребни постојани совети и едукација. Но во време на пандемија кога во тетовско имаше карантини и по неколку дена земјоделците останаа без оваа помош.

Земјоделецот Шабан Адеми од тетовска Мала Речица, вели дека цел живот се занимава со земјоделие, но и покрај големото искуство кое го има во оваа област, вели дека му недостасуваат советите и едукацијата кои ги добивал директно и лично од преставниците на Агенцијата за поттик и развој на земјоделието.

 

-Јас имам 40 годишно искуство во земјоделието. Но и покрај тоа ми се неопходни советите од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието. Да знам кои мерки се на ред, што документи треба да подготвам, па ми даваат совети на пример со што е најдобро да ги засадам површините. Но, сега еве ова го немаме. Од агенцијата велат дека лично не смееме да одиме таму поради вирусот, ни велат да праќаме прашања преку интернет или да се јавуваме телефонски. Интернет не знам да користам, а телефонски не можеш да се разбереш добро, подруго е кога ќе се видиме директно, вели земјоделецот Адеми.

 

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието подрачно одделение Тетово, велат дека се затекнати со оваа пандемија. Нашата работа беше теренска и ние имавме директни контакти со земјоделците, одевме и на земјоделските површини и дававме совети и предлози.

 

Од самата најава за вонредни мерки ние претежно контактираме преку телефон на маил, или пак преку видео пораки со земјоделците. Лошо е што во текот на овој период се стопирани сите повици за помош и сега сме сконцетрирани повеќе кон едукација. Очекуваме ова да помине што побрзо дека нашата работа е теренска и затоа сакаме да излеземе на терен. Во овој период се случуваат проблеми во однос на тоа кога ќе се активираат мерките, има доста земјоделци кои не ги добиле субвенциите, па велат што како, па потоа за некои болести се јавуваат како да ги заштитат своите култури, вели Петре Петрески раководител на Агенцијата за поттик и развој на земјоделие подрачно оделение Тетово.

 

И покрај ваквата состојба голем дел од земјоделците не се откажуваат од нивите. Голем проблем им правеше карантинот во тетовско, односно ограничување на движењето. Земјоделците добиваа дозволи, но само за еден член на семејството што реално во пракса не можеа да ги обработуваат земјоделските површини само со еден човек. Сето ова придонесува дел од земјоделците да ги намалуваат површините.

 
Има и ситуации кога има земјоделци кои обработуваат површини, а не се евидентирани во единствениот регистар, па тие не можат да земаат субвенции, па се обраќаат кај нас, па ние ги препраќаме. Проблем е што со сопственоста се уште не е решен проблемот. Имаме и такви жалби од земјоделците дека не можат активно да учествуваат во земјоделските активности кажуваат дека ги намалуваат и ќе ги намалуваат површините, но немаме конкретни информации, ќе видиме кога ќе поднесуваат документи за субвенции, но не верувам дека ќе има многу земјоделци кои ќе ги намалат површините, вели Петрески.  

 

Во меѓувреме во овие сушни периоди земојделските маки во однос на наводнувањето на земјоделските површини продолжуваат.

Во полошко земјоделците најчесто користат извори на вода од каналски мрежи кои претежно доаѓаат од Шара. Но дел од тие водотеци веќе се пресушени, а некои и не се одржуваат како што треба.

наеме дека таквите водотеци се пресушија и затоа земјоделците почнаа да копаа сопствени бушотини, за да може да ги наводнуваат своите површини, а најчесто тие се определуваат и по систем капка по капка , ама тоа зависи колку е земјоделецот моќен дека за тој систем треба да се обезбедат средства.Имаме површинско наводнување по пат на бразди. Наводнувањето не зависи само од земјоделците туку од самите водотеци, системите кои ги користат за наводнување, дали тие ќе можат во одредено време да се користат за секоја култура.Затоа системот капка по капка е модерен и тогаш вие ја обезбедувате водата спроед потребата на културата, значи вие на некој начин го контролирате наводнувањето, велат од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието.

 Инаку воведувањето на системот капка по капка се субвенционира и преку ИПАРД програмата за рурален развој.

Финансиската подршка изнесува од 50 до 60 %. Овој начин на обезбедување на финансиска подршка е достапен за сите кои имаат потреба од ваков начин на наводнување.

 Ваков систем на наводнување е тренд подолг период, откако голем дел од системот за наводнување во Македонија се распадна.

Пред неколку години се формираше претпријатието АД Водостопанство со подрачни оделенија во поголемите региони во земјава. 

Подрачното оделение од Тетово информира дека 60 % од системот за наводнување не функционира. Работаат на негово целосно ставање во функција, но за да овој систем повторно заживее,  се надеваат на финансиска помош од државата. Но, засега поради пандемијата не очекуваат дека ќе се одвојат средства од државниот буџет за оваа намена.  

Зоран Димовски

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close