fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Есенско сузбивање на плевели

Плевелните видови растенија имаат „пониски” прагови на минимум потребни услови за нивно никнување и развој отколку културните растенија.

Сузбивањето на плевелите е една од најзначајните агротехнички мерки во процесот на производство на житни култури. Со навремено извршување на хербицидната апликација, обезбедуваме оптимални услови за развој на културното растение (непречен пристап до хранливите материи и влагата во почвата, како и непречено продирање на сончевите зраци).

Плевелните видови растенија имаат „пониски” прагови на минимум потребни услови за нивно никнување и развој отколку културните растенија.

Затоа, уште од есен може да се забележи дека во посеаните парцели (со пченица и јачмен) први никнуваат плевелите, а и доколку посевот никне прв, плевелите многу брзо го надминуваат. Затоа е најдобро апликацијата против плевелите да се изврши уште од есен, веднаш по сеидбата.

Временскиот термин за извршување на оваа апликација е најдобро да се планира не според развојните фази на посевот или плевелите, туку според расположливото време кое го имаме, „слободната” механизација, поволните временски услови и работната сила. Доколку наброените фактори се „на наша страна”, можеме веднаш после сеидбата да ја извршиме оваа агротехничка мерка и мирно да ја дочекаме пролетта.

На ваков начин посевот ќе има супериорни услови за развој во текот на есенските месеци, спремно ќе ја дочека зимата и напролет ќе има многу подобар „старт” во однос на парцелите кои не се хербицирани наесен. Од испитувањата кои се вршени со хербицидите од нашата програма (Syngenta), утврдено е дека посевите кои имале есенско третирање против плевели, а сите останати агротехнички мерки се извршени на ист начин и во исто (оптимално) време, секогаш имале повисоки приноси во однос на посевите со пролетни апликации против плевели.

Од нашата програма (Syngenta) за таа намена го препорачуваме производот Logran 20 WG. Наменет е за сузбивање на широколисните плевели и може да се употребува во есен, од периодот пo сеидбата, па сè до пролет (крај на братимење).

Напишал: дипл. агр. Зоран Голубовскиhttps://gradina.mk/esensko-suzbivane-na-pleveli/2/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close