fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Полските земјоделци излегоа со трактори на улиците против растот на цените

Првиот од 50-те протести на патиштата, но и во центрите на некои градови низ Полска под слоганот „Нема да умреме во тишина“, почна утрово

Земјоделците ширум Полска ги блокираа патиштата со трактори во знак на протест против растот на цените, диктатурата на трговските синџири и неконтролираниот увоз на храна.

„Ни се придружуваат земјоделци од далечни земји, но и синдикати од ‘Амазон’ и други компании. Уморни сме од поскапувањето. Ги блокираме патиштата затоа што сакаме да го спасиме полското производство на храна. Денес ни треба спас за полското земјоделство“, изјави лидерот на Унијата, Михал Колодејчик.

Првиот од 50-те протести на патиштата, но и во центрите на некои градови низ Полска под слоганот „Нема да умреме во тишина“, почна утрово, а ќе трае до 17 часот.

„Земјоделците мораа да излезат на патиштата бидејќи полската влада не успева да се справи со моменталната ситуација. Проблемите се различни, откупни цени кога не се исплати да се одгледуваат свињи, високи цени на ѓубривата, неплатен надомест за суша, диктатура на супермаркетите, неконтролиран увоз на храна од странство, задолжување на полскаите села“, ги сумираа демонстрантите причините за протестот.

Земјоделците им делат зеленчук и овошје на граѓаните за да покажат колку се огромни разликите во цените, а колку малку добива земјоделецот, а колку од цената земаат трговските синџири за себе.

Земјоделците повеќе не сакаат да разговараат со ресорниот министер, туку инсистираат да бидат примени од премиерот Матеуш Моравјецки. Во спротивно се закануваат дека ќе организираат генерален штрајк и ќе ја блокираат Варшава. Извор Макфакс

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close