fbpx
Без категорија

Горат берзите – од цената ќе ни горчи шеќерот

Македонија минатата година направила увоз на шеќер во вредност од 45,6 милиони долари, што е повеќе за 22,2 отсто во однос на 2021 година

Македонија минатата година направила увоз на шеќер во вредност од 45,6 милиони долари, што е повеќе за 22,2 отсто во однос на 2021 година, покажуваат податоците на Ворлд’с топ експортс. Белиот рафиниран шеќер во земјава како стратешки производ, се оданачува со даночна стапка од 5 отсто, но домашните кондитори се загрижени од последната одлука на Индија, која како светски лидер во производството на шеќер го забрани извозот во следната сезона.

Експертите кои ги консултираше „Слободен печат“ се загрижени дека тоа ќе има последици на и на домашниот пазар. Според индексот на цените на ФАО, шеќерот пораснал од 116,8 во јануари годинава на 146,3 во јули.

Податоците на Стопанската комора на Македонија покажуваат дека во кондиторската индустрија се регистрирани над 50 стопански субјекти, од кои 85 отсто се микро и мали. Постои и значајно производство кај субјекти со третман на занаетчии- кои главно произведуваат пекарски производи и слатки за домашен пазар. Кондиторската индустрија располага со можен капацитет за производство (во рамките на проектираното време за работа на капацитетот) од околу 45.000 тони годишно, https://www.slobodenpecat.mk/

-Последниве години, под притисок на засилената конкуренција од увоз, пласманот на домашниот пазар од домашите производители се намали. Излезот се бараше во зголемувањето на извозот, секако со се пониска профитабилност по единица производ. Вредноста на извозот на готови кондиторски производи е скоро 10 отсто од вредноста на вкупниот извоз на прехранбените производи – велат од СКСМ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close