fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Земјоделците се молат да не удри град – државата нема реагенси за разбивање на облаците

Земјоделците се лутат поради тоа што старите градобијни системи веќе со години не функционираат, а осигурителните компании одбегнуваат да потпишуваат договори за осигурување на земјоделско производство и на тој начин се штитат од покривање на штетите.

Неодамнешното известување на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) дека оваа година нема да се изврши засејување на облаците поради дефицит на репроматеријали кои не може да ги набави поради војната во Украина, ги вознемири земјоделците многу повеќе отколку што ги вознемири самата штета од град.

Земјоделците се лутат поради тоа што старите градобијни системи веќе со години не функционираат, а осигурителните компании одбегнуваат да потпишуваат договори за осигурување на земјоделско производство и на тој начин се штитат од покривање на штетите.Според УХМР, војната во Украина е главниот виновник за темните облаци кои надвиснуваат врз земјоделците во Македонија, кои, пак, велат дека се оставени на милост и на немилост од државата.

-За што и за кого да работам јас цела година? За да удри град и за 15 минути да останам без ништо? Путин им бил крив, Русија им била крива, немале реагенси. Во ред, ама тогаш најдете друго решение. Ако не можете да не заштитите нас од градот, тогаш заштитете нѐ на поинаков начин. Осигурителните компании одбиваат да соработуваат со нас, оти се плашат. Не можеме да сметаме ниту на стариот градобиен систем затоа што во 2008 година се откажавме од него по барање од ЕУ само за да се дозволат ниски прелети над земјава. Каде е сега ЕУ да нѐ спасува од невремиња? – вели земјоделец од Прилеп.

Во соопштението на УХМР е јасно наведено дека реагенсите се тешко достапни за сите земји, не само за нас.

„Ги известуваме земјоделците и пошироката јавност во Република Северна Македонија дека по три години успешно користење на мерката за авионско засејување на облаците, оваа година и покрај напорите на Управата, сепак мерката нема да продолжи. Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2020 година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на една од компонентите која е составен дел на реагенсот, која се користи исто така и во ракетните горива. Поради тоа, ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни“, објаснија од Управата.

Оттаму додаваат дека спровеле постапка за јавна набавка, но за разлика од минатите години, овој пат на повикот не се пријавил ниту еден економски оператор.

Лани само во првите три месеци државата на земјоделците на име на штети им исплатила околу 4,5 милиони евра, додека на осигурителните компании 400.000 евра, а од 11 компании само 4 нуделе осигурување на земјоделско осигурување.

Земјоделското осигурување ги покрива ризиците на кои се изложени посевите и плодовите – пожар, град и удар од гром. Доколку се плати дополнителна премија, покритието може да се прошири и за поплава и за пролетен мраз.https://denar.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close