Политика за заштита на лични податоци

ЗЕЛЕНА БЕРЗА доо Битола како сопственик на www.zelenaberza.com.mk ќе ги
користи личните податоци на регистрираните корисници според Законот за
заштита на личните податоци и во согласност со другите законски
регулативи на Република Македонија. Податоците кои ги собираме и се
чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета
страна освен на надлежните органи на начин определен со позитивните
законските прописи на Република Македонија. Секој купувач при
регистрација и купување, со обележување дека ги прифаќа Општите одредби,
изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика за заштита на
лични податоци на корисниците и заштита на доверливи податоци.
Политиката за заштита на лични податоци на корисниците и заштита на
доверливи податоци на www.zelenaberza.com.mk појаснува каде и како се
чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на оваа веб страна.
Оваа политика за заштита на лични податоци на корисниците и заштита на
доверливи податоци се однесува само за www.zelenaberza.com.mk и
поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни,
ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните
податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.
Основна цел за прибирање на личните податоци, кои корисникот ги внесува
преку регистрација, е да ја извршиме вашата нарачка, успешна достава на
производот, реализација на плаќањето и да Ве контактираме за прашања
поврзани со добиената нарачка,одобрување на попусти кај соработници на
Зелена Агро Картичка. Информациите кои ни се потребни се: Име и презиме,
e-mail адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.
ЗЕЛЕНА БЕРЗА доо Битола како сопственик на www.zelenaberza.com.mk нема
увид во никакви информации од финансиска природа како број на картичка
и/или број на банкарска сметка.
Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите
малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од
нивните родители или старатели.
Оваа политика за заштита на лични податоци на корисниците и заштита на
доверливи податоци стапува на сила од 01 Ноември 2018 година. Промените
во оваа политиката ќе бидат јавно објавени на веб странатa и
www.zelenaberza.com.mk најмалку 7 дена пред да стапат во сила.

Back to top button
Close