Пејпер Мил: Одлуката за прекин на работењето не беше лесна – за пет години инвестиравме 7 милиони евра
Пејпер Мил од Кочани информира дека откако Инспекторатот за животна средина со решение и наложи на фабриката работење со користење на метан како единствен енергенс, управата донесе одлука да го прекине производствениот процес на неопределено време.
Пејпер Мил од Кочани информира дека откако Инспекторатот за животна средина со решение и наложи на фабриката работење со користење на метан како единствен енергенс, управата донесе одлука да го прекине производствениот процес на неопределено време. Во оваа фаза компанијата информира дека 120-те вработени се известени дека не треба да доаѓаат на работа заради прекин на производството, а во тек се правни консултации за понатамоно решавање на статусот на вработените, согласно законите во Република Северна Македонија. При тоа, до донесување на конечните решенија статусот на вработените останува ист, односно тие остануваат вработени во фабриката, со целосно исполнување на законските обврски кон нив, исплата на плата и придонеси.
„Одлуката за прекин на работењето на Пејпер Мил доаѓа по обемните анализи за состојбата направени од страна на управата, а по последното решение добиено од Инспекторатот за животна средина. Со жалење констатираме дека решението на Инспекторатот е базирано на резултатите на едно од десетиците направени мерења од страна на повеќе референтни и акредитирани домашни и странски лаборатории. Резултатите на единствената лабораторија која детектираше драстично отстапување, а кои ги уважи Инспекторатот доведоа до тоа да на фабриката и се наложи одвивање на производствениот процес само на метан, што во услови на глобална економска криза не обезбедува одржливост во работењето на компанијата. Одлуката за прекин на работењето на неопределено време воопшто не беше лесна со оглед на вложените инвестиции од 7 милиони евра во изминатите пет години, инвестициите во тек – нарачаната опрема за дополнително унапредување на технолошкиот процес која е планирано да пристигне кон средината на февруари и секако судбината на 120 семејства кои остануваат без својата егзистенција“ – изјави Јулијан Даскалов, Генерален директор на Пејпер Мил од Кочани.https://faktor.mk/pejper-mil-odlukata-za-prekin-na-rabotenjeto-ne-beshe-lesna—za-pet-godini-investiravme-7-milioni-evra-vo-tehnologija-vrabotuvanja-i-razvoj-na-biznisot