fbpx
МакедонијаТоп вести

Половина од пчелите загрозени заради забраната за движење

Пчеларите постари од 67 години кои го имаат половина од производството на мед апелираат и молат да им се дозволи да појдат на пчеларниците за да ги спасат пчелите.

 

 Попуста ќе остане светската слава на Македонија како медена земја ако се остави половина од пчелите да изумрат. Уредбата со која целосно се забранува движење на лица постари од 67 години најмногу удри по пчеларите. Според сите анализи на сојузот на пчеларски здруженија од околу 6500 пчелари во земјава кои располагаат со околу 255 илјади пчелни семејства дури 40% се пчелари постари од 67 години. Секој од нив е пчелар со големо познавање и љубов кон пчелите и речиси секој од нив има голем пчеларник со повеќе од стотина пчелни друштва што значи дека тие произведуваат половина од медот, прополисот, поленот и млечот –пчелни производи кои се витални за зајакнување на имунитетот на населението и полесно извојување на битката со вирусните заболувања.

Владимир Стојановски од Велес, целиот свој живот е пчелар. Неговото семејство има традиција стара 120 години во одгледување пчели. Неговиот дедо уште во трмки одгледувал пчели и се справувал со сите предизвици но сега заради забранат за движење можно е да ги изгуби пчелите, бидејќи кога најмногу треба тој воопшто не може да оди на пчеларникот.

-Во овој период од годината моја работа е секој ден да сум со пчелите и да им помагам. Сега е при крај храната бидејќи зимата беше долга и времето уште е променливо, вода може да снемаат и има и пчеларници на колеги кои мора да носат вода на неколку дена и тие се уште позагрозени. Хранат е сега многу значајна за да се поттикне матицата да се создаде големо пчелно семејство кое треба до средината на мај да дојде од 50 до 70 илјади пчели за да може да има доволно работнички да собираат мед, прво за себе за да имаат доволно за следната зима а ако има вишок тогаш ќе има и за пчеларот. Сега е многу значаен период од годината кога се градат рамките. Ако сега не интервенираме ќе немаме доволно рамки извлечени од саќето вели пчеларот Стојановски.

Голем дел од регионите кои се по сушни зависат од трнот чајлија кој е најзначајната паша а кој меди само околу еден месец во годината и кој не прави единствени на Балканот по високиот квалитет на медот кој го дава. Ако тој го пропуштиме не само што ќе нема мед туку и пчелите ќе немаат храна за да ја преживеат зимата.

-Март, април и мај се месеците кога сме по цел ден на пчеларник. Јас во овој период немам друг правец на движење освен од мојот двор до пчеларникот и назад. Не можам да замислам сега д ги оставам пчелите, тие се мојот живот, моја работна навика, мое наследство кое се надевам дека ќе го продолжат моите деца или внуците. Затоа апелирам, молам да ни се дозволи да одиме до пчеларниците. Понекогаш земаме и помошници но во ваква ситуација и сами ќе се снаоѓаме само да ги спасиме пчелите и да ги задржиме. Сите пчеларници се регистрирано и имаат свое РБО со точни географски координати. Секој може многу лесно да провери каде сме и каде одиме и ако треба додека патуваме на колите ќе го истакнеме РБО бројот за да се види каде одиме. Поднесував две недели барања до кризниот штаб и цело време ме одбиваат па престанав да барам дозволи затоа апелираме до владата да ни овозможи додаде пчеларот Стојановски.

Во пчеларниците тревата е веќе порасната околу 30 сантиметри во висина и ги затвора влезовите во пчелните сандаци. Храната и водата се при крај а дозволата за само два часа не е доволна да се појде и да се врати пчеларот. За обичните земјоделци кои имаат ниви се најде решение така што може некој член од семејството да добие дозвола и да оди на нива но за пчеларите тоа не можно бидејќи тоа е посебен занает и само искусните пчелари знаат што мерки треба да преземат на својот пчеларник. И пчеларскиот сојуз вели дека секојдневно бараат до министерството за земјоделство да се преземе некоја мерка за да се надмине овој голем проблем но досега не добиле никаков одговор.

-Писмено се имаме обратено до министерството за земјоделство од името на пчеларскиот сојуз и од подсекторската група при министерството но никако министерството во наше име да ја поднесе оваа иницијатива до владата на разгледување со сите наши аргументи кои ги приложивме. Се надеваме дека час поскоро ќе се реши овој проблем бидејќи време за чекање повеќе нема рече Менде Трајковски претседателот на пчеларскиот сојуз.

З.Б.

Слични написи

Back to top button
Close