„Шато Демир Капија“
Велат, грозјето има сè што е потребно за да се направи вино. Зборот вино има слично етимолошко потекло во многу светски јазици (англиски wein, француски vin, италијански vino, шпански vino). Потекнува од латинскиот збор vinum, чиј корен Римјаните го презеле од еолскиот грчки збор Foivac (woinos).
„Шато Демир Капија“
Грозјето и виното отсекогаш претставувале извор на сила за уморниот селанец, но и извор на неговата разонода и веселба. На некој таен начин овој благороден пијалак засекогаш се здружил со животот и со поднебјето на кое настанува. За сите љубители на виното, посетата во визбата во Демир Капија и тоа во онаа што секогаш служела само за производство на 150 илјади литри квалитетно црвено вино, е задолжителна! Записите потврдуваат дека целото вино се носело во кралскиот дворец во Србија.
Винарницата во Демир Капија ја има приказната бидејќи, како што велат – „не може да се прави имиџ без историја“. Затоа и ќе ви понудат една возбудлива можност да пробате вино што е произведено по стара технологија. Брендот е „Шато Демир Капија“ и ова вино се произведува на истите ферментатори од 1930 година.