Агро бизнисМакедонијаТоп вести
Со 64 години пензионирање и 15 години пензиски стаж за сите граѓани
Не за жени со 62, туку за сите е 64 години, вели министерката Шахпаска.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска за Тв24 истакна дека во собраниска процедура се наоѓаат четири закони, законот за работни односи, законот за вработени во јавната администрација, законот за здравствена заштита и законот за вработени во високото образование.
„Сите четири закони претставуваат дел од закони кои предвидува пензионирање со 64 години и 15 години пензиски стаж. Тоа е основниот услов за одење во пензија. Не за жени со 62, туку за сите е 64 години. Овие четири закон ги предложија пратениците, но се кординиараа со нас“, рече министерката.