откуп на грозје
-
Откуп на винското грозје ќе го следат инспектори од Земјоделскиот инспекторат за да се елиминираат сомнежи
„Бев дециден во текот на вчерашниот состанок со винарските визби, ова е изработено согласно Закон и никој не треба да го крши истиот. Треба да се почитува договорена цена и тука мислам дека беше обострано констатирана оваа ситуација дека нема да има отстапки“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при изјавата дадена во Неготино. „Кога сме на тема винарски визби и процес на откуп сакам да потенцирам дека процесот на откуп на винското грозје ќе го следат инспектори од Земјоделскиот инспекторат како надлежна институција“, појасни тој. Министерот додаде дека направен е план на секое откупно место да има распореден инспектор кој што ќе биде коректив на процесот. „Сакаме да ги елиминираме и најмалите простори за сомнеж и за манипулација во делот на откуп. Едноставно целиот процес да се заснова и да се спроведе согласно правилата и Законот кој што постои“, нагласи Трипуновски.
Прочитајте повеќе » -
Градоначалникот Јанчев повикува на средба по протестот на незадоволните лозари
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој ги придружуваше незадоволните лозари, ги покани советниците од регионот како и градоначалници, пратеници и…
Прочитајте повеќе » -
Лозарите бараат од февруари да ги знаат договорените количини и откупната цена за грозјето
Лозарите од Тиквешијата бараат од февруари да ги знаат договорените количини и откупната цена на грозјето по сорти. Лозарите од…
Прочитајте повеќе » -
Плодна година во лозарството, се најавува голем интерес за откуп на грозјето
Годинава за лозарството ќе биде плодна. Грозје има многу, а се најавуваат и доста побарувања, истакнаа градоначалниците на Кавадарци, Росоман…
Прочитајте повеќе » -
Николовски оствари состанок со винарските визби со цел да се испланира откупот на грозје
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и…
Прочитајте повеќе »