fbpx
Агро бизнисМакедонија

Заштита на градинарски култури од болести и штетници во пластеничко и стакленичко производство во текот на зимскиот период

Во овој период од најголемо значење е контролата на причинителите на болести кај овие култири, но исто така и штетните инсекти нeпречено се развиваат во заштитените простори во текот на зимскиот период.

Во текот на зимскиот период е актуелно раноградинарското производство на домати, краставици, пролетна зелка и салата во пластеници и стакленици. Во овој период од најголемо значење е контролата на причинителите на болести кај овие култири, но исто така и штетните инсекти нeпречено се развиваат во заштитените простори во текот на зимскиот период.

За заштита од пламеница кај доматите препорачуваме примена на еден од фунгицидите VALIS PLUS (valifenalate 60 g/kg + bakar hidroksid 150 gr/kg+ bakar oksihlorid 150 g/kg) 2,5 kg/ha, VALIS M (valifenalate 60 g/kg + mancozeb 600 g/kg) 2,5 kg/ha, PROFILUX (cymoxanil 45 g/kg + mancozeb 680 g/kg) 2,5 kg/ha, AXIDOR (propamocarb-hydrochloride 400 g/L + cymoxanil 50 g/L) 2 L/ha, PROMESA (azoksitrobin 250 g/L) 0,75 L/ha или RANMAN TOP (cyazofamid 160 g/L) 0,5 L/ha.

За заштита од сиво гниење, пепелница, мувлосување на листовите и црна дамкавост на листовите препорачуваме примена на еден од фунгицидите или комбинација помеѓу два фунгицида: SIGNUM 33 WG (boscalid 267 g/kg + pyraclostrobin 67 g/kg) 1,5 kg/ha, EMINENT 125 ME (tetraconazole 125 g/L) 0,4-0,6 L/ha + PROMESA (azoksitrobin 250 g/L) 0,75 L/ha.

За заштита од лисниот минер на доматот (Tuta absoluta) неопходна е примена на кобинација од инсектициди кои делуваат на различни развојни стадиуми (јајца, ларви и имага), а кога притисокот на штетникот е најголем да се скрати интервалот помеѓу две прскања: 1. SPINTOR 240 SC (spinosad 240 g/L) 0,5 L/ha + CORAGEN 20 SC (chloranthraniliprol 200 g/L) 0,2 L/ha + POLUX (deltamethrin 25 g/L) 0,5-0,7 L/ha; 2. ALVERDE (metaflumizon 240 g/L) 1 L/ha + HARPUN (pyriproxifen 100 g/L) 1 L/ha + POLUX (deltamethrin 25 g/L) 0,5-0,7 L/ha; 3. SPINTOR 240 SC (spinosad 240 g/L) 0,5 L/ha + HARPUN (piriproxifen 100 g/L) 1 L/ha + POLUX (deltamethrin 25 g/L) 0,5-0,7 L/ha. Против белокрилката и лисните вошки препорачуваме примена на еден од инсектицидите: CLOSER 120 SC (sulfoxaflor 120 g/L) 0,4 L/ha, TEPPEKI (flonicamid 500 g/kg) 0,14 kg/ha или LIMOCIDE (масло од портокал) 0,4 до 0,8%.

Кај краставицата за сузбивање на причинителот на пламеница препорачуваме еден од фунгицидите: VALIS PLUS 2,5 kg/ha, VALIS M 2,5 kg/ha, PROFILUX 2,5 kg/ha, AXIDOR 2 L/ha, PROMESA 0,75 L/ha или RANMAN TOP 0,5 L/ha. За сузбивање на причинителот на пепелницата препорачуваме примена на еден од фунгицидите: SIGNUM 33 WG 1,5 kg/ha, EMINENT 125 ME 0,4 L/ha или KARATHANE GOLD (meptildinocap 350 g/L) 0,5 L/ha. За сузбивање на лисните вошки, белокрилката препорачуваме еден од инсектицидите: CLOSER 120 SC 0,4 L/ha, TEPPEKI 0,14 kg/ha или LIMOCIDE 0,4-0,8%, против калифорнискиот трипс SPINTOR 120 SC 0,5 L/ha, ROMECTIN (abamectin 18 g/L) 1,2 L/ha или LIMOCIDE, а против копривното пајаче ROMECTIN (abamectin 18 g/L) 1,2 L/ha.

Во пролетната зелка против пламеница препорачуваме VALIS PLUS 2,5 kg/ha, VALIS M 2,5 L/ha, PROFILUX 2,5 L/ha, AXIDOR 2 L/ha или RANMAN TOP 0,5 L/ha, додека за сузбивање на дамкавост на листовите и сиво гниење препорачуваме SIGNUM 33 WG 1,5 kg/ha. За сузбивање на зелковата совица, голем и мал зелкар и зелков молец преорачуваме SPINTOR 240 SC 0,5 L/ha, ALVERDE 1 L/ha или CORAGEN 20 SC 0,2 L/ha а против лисните вошки CLOSER 120 SC 0,4 L/ha или TEPPEKI 0,14 kg/ha.

Подготвил: м-р Васко Манев

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close