Вински приказни од првиот „Боемски вински салон“

(Oвој напис е објавен на: December 28, 2018)

Вински приказни од првиот „Боемски вински салон“

Пишува> Павлина Јовановска

Откако постои векот и светот постои грозјето и виното. Македонија има одлично поднебје за производство на најразлични квалитетни вина. Тоа докажува дека на овие простори се негува и винската култура. Дека постои винска култура на овие простори потврдија производители на вино од целата држава кои ги изложија своите  производи на првиот „Боемски вински салон“. Народниот театар Битола беше местото каде се одржа овој не секојдневен настан во Битола. Посетителите имаа можност да дегустираат од производите на повеќе винарии што произведуваат  вино на традиционален начин по семејните рецепти што се пренесуваат од генерација на генерација. Секоја од присутните винарии  покрај вината ја презентираа и својата приказна како се’ почнало и зошто треба да се проба токму нивното вино?

Вино пред вода

Можеби вода немаат, но затоа го имаат најквалитетното вино. Во недостиг на вода куќите и тулите во Ресава во минатото биле правени со вино. Ова е дел од приказната на винаријата  Захарчев од Кавадарци. Идејата што долго време тлеела почнува да се реализира во 2016 година. Целта е да се зачуваат од изумирање стрите сорти на грозје.

„Прокупец е сорта со која што почнавме. Балканска сорта која во Македонија речиси ја нема,  изгинува.Што се однесува до грозјето, тоа потекнува од едно село Ресава во Кавадарци, каде тулите на куќите биле направени од вино, оти немало вода. Околу Ресава се најкавалитетните лозја.Првата година имавме 1000 л вино.Со време ги зголемивме и количините и асортиманот. Се ориентираме на бели сорти, за во  последната година 2018,  да произведеме смедервка, прокупец, гроздов слад и маџун,  бела и жолта ракија .Накраткао тоа е како почна целата реализација, вали во својата винска  приказна Ѓоре Захарчев. Визијата наша е да се создаде една мини семејна винарија што ќе има простор за дегустација каде ќе може на лице место посетителите покрај дегустацијата посетителите да си купат соодветни вина  што ги нема во големите винарии, додава Ѓоре.

Сонот треба да се живее во секој момент

Карактеристично скоро за сите изложувачи е традиционалниот начин на производство на вино. Веќе трета генерација произведвуа вино по истата технологија од своите предци во винаријата „Изворно“ од Велес. За квалитетот говорат добиените награди. Винарија каде соништата се живет во секој момент.

„Не користиме преси во производството, правиме вино по технологија како што правеле нашите дедовци и баби. Практикуваме касна берба, а тоа значи многу мали приноси и количеството на вино од грозје што се добива,  секогаш е многу мал. Тоа е заради касната берба  што пак е услов  за висококвалитентите вина во винарија „Изворно“.Мојата визија и  мојот сон го живеам во моментов. Би сакал да остане така, да се бавам со винарство, затоа што винарството е племенита и  благородна работа. На крајот на краиштатата се раѓаме со вино, не венчаваат со вино  и умираме со вино. Значи јас го живеам мојот свет, мојот филм, и би сакал така да остане. На сите им посакувам  да се занимаваат со тоа што го сакаат, тоа е формулата за вечноста и  на бизнисот и на човекот“, вели Зоки сопственик на винаријата.

Стари рецепти во ново време патот до успехот

Приказната на винаријата Попов започнува во 2001 година.

„Се наоѓаме во центарот на тиквешијата каде што се прават најубавите вина и сме една од винариите со најголемо портфолио по различни сорти на вионо. Имаме над 15 врсти на различни  вина и  карактеристики  кои треба да се пробаат и почувствуваат. Визијата е секоја сорта да  биде застапена  и сама за себе да  зборува“,  вели Марин Попов од винаријата „Попов“.

Винаријата „Коцев“ има историја уште од бивша Југославија кога се практикувал друг начин на работа. Маријан Коцев сопственик на винаријата, заедно со својот татко одлучиле да го сменат целосно пристапот и наместо да го даваат својот производ во големите винарии, сами  да си произведуваат и да го пласираат своето вино.

„Решивме нашето производство да го претвориме во квалитетно добро вино. Сега за сега нашите планови се поврзани  со домашниот пазар затоа што количините што ги произведуваме се релативно мали. Нашата цел всушност не е одење на странските пазари и таму да ги презентираме нашите вина, туку  да ги донесеме странците да дојдат кај  нас.  Да покажеме што точно ние имаме  да понудиме конн нив.  Во Франција, една од најголемите производители на вино, одат луѓето таму да пробаат француско вино ,а не го носат во странство  да им го  нудат во другите земји“, вели Маријан Коцев.

Органско  вино произведено со љубов

Во винската приказна на винаријата „Бади“  е забележано органското производство. Станува збор за фамилијарна винарија со вина произведени од чисти лозови насади, со грозје без пестициди. “Ако веќе останувам во Македонија, единствено што јас можам да го работам со љубов, како бизнис е работата со вино . Ова ни е прва година и немаме некоја голема колилина, 5 т годишно производство и се надеваме дека ќе биде во најдобар ред“, вели сопственикот  Блаже Миневски.

Велат љубовта и виното одат заедно. Винаријата  „Ерос“ го добила името по името на грчкиот бог на љубовта Ерос. Не комерцијални вина е карактериситката што ги прави да бидат поразлични од другите, вели Сашко Андов.

„Во однос на производството на вино се оделуваме од другите винарии со производство на не комерцијални сорти грозје за  не комерцијални вина. Обично одиме на тардиционални вина. Задоволни сме. Самата професија, производството на вино нуди широк спектар на творење. Можете да правите што сакате и колку сакате, се’  зависи од вашата имагинација. До каде ќе оди мојата имагинација, уште не знам  не сум експериментирал до  крај“, додава Сашко Андов од винарија „Ерос“.

Од охридската мала „Тоскана“ доаѓа  вила и винаријата „Мал Св. Климент“. Хотел и бутик за вино со своја прикзна за развој на вински туризам.

„Имаме  мало производство,  од неколку илјади шишиња вино годишно. Грозјето е од охридскиот вински регион, од охридската мала Тоскана ( како што ја нарекуваат охриѓани). Овде никој не го гледам како  конкуренција затоа што ова е индивидуална приказна и вината ги продаваме по пат на дегустација на шише само во нашата винарија. Не сме на слободниот пазар на вино каде што сигурно конкуренцијата е огромна.Си го најдовме  местото под сонцето во тој дел на туризам и вино“, вели  Будимир Соколовиќ.

Младите винарии само ја зголемуваат винската култура

„Нашата приказна започна на 13 септември скоро пред година и пол.Млада винарија на ова поднебје што се карактеризира со наше сопствено производство, наши лозови насади.  Моментално работиме на производство на нови вина“, вели Дарко Соколовски од винарија „Чифлик“ Битола.

Живко Ѓоргиевски е голем љубител на виното . Тоа не е случајно ако се знае дека неговиот дедо бил професионален вина. Вели дека во Македонија има винска култура, но не доволно развиена. Причина за тоа е голема фама што креваат некои производители на вино по многу високи цени.

„Мора виното да ни биде пристапно, во смисла да можеме да го осетиме и да го пробуваме.Дали се луѓето пребирливи? Дај боже да бидат. Сите претсавницви на вино што сме тука сме заразени од таа винска болест и сите имаме различни вкусови, убаво е кога се пребирливи. Велиме дека немаме винска култура, но во Македонија  го сакаме виното, факт што ако немаше винска култура немаше да има ниут вино. Индивидуално е кај луѓето насочувањето кон одредени вкусови, ароми“, вели Живко од винарија „Пандо“.

 

Пеце Цветковски од „Вила Дихово“ потврдува дека винската култура малку по малку се зголемува.

„Мала фамилијарна винарија, со сопствено производство од грозје до краен продукт, вино и ракија, се карактеристиките на „Вила Дихово“ Битола.  Работиме на пазарот 10 год. етаблирани како место претсавено  како највкусна дестаниција во светот. Полека добиваме винска култура. Ментор ми беше  Христо Христов, енолог од позната винарија во Македонија. Ми предложи да правиме вино обратно од големите винарии. Вино кое нема сулфати, конзерванси и стабилизтаори. Нашето вино не може да седи на сталажа 10 години и пак да биде вино.Тоа седи во визба, а  директен конзумент е нашиот муштерија, прва рака од самата визба“ раскажува Пеце Цветковски од „Вила Дихово“.

Конвивиумот „Слоу Фуд Битола со поддршка на малите винарии

„Мораме да ги промовираме малите винарии локалниот биодиверзитет на нашите вински насади, нашите лозја, да не ги форсираме само големите винарии. Има драж и во малите винарии. Така е и во  Италија, Франција,  сакаме  да ги промовираме малите .Тоа е и смислата на Слоу фуд ,промоција на малите производители  и производите  со  локално  традиционално потекло“, вели Игор Поповски  претседател на  Слоу фуд Битола, организатор на настанот. Се надева дека настанот ќе  прерасне во традиција и ќе продолжи да се одржува секоја година .

Share Button