вестиТоп вести

Времето денес со дожд и пониски температури

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови. Врнежите кон крајот на денот ќе престануваат на истокот. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Дневните температури ќе се движат од 10 до 19 степени.

Дефицитот на врнежи од околу 80-100 литри е на некој начин и долната граница која е потребна за активно отпочнување на припремите за есенската сеидба.

Стабилизацијата на времето во текот на наредната седмица со температури на воздухот околу 30 оС па и повеќе, дополнително ќе ја отежнува состојбата со губењето и на таа мала влага во површинскиот слој која може да се искористи особено на површините кои беа заорани непосредно после жетвата.

Проблемот со сушата и во наредниот период останува актуелен, проблем кој ги попречува сеидбените работи, но е добредојден за прибирање на винското и десертното грозје, за прибирање на градинарските и овошните култури кај кои вегетацијата во овој период завршува.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close