Македонија доби прв регистер на органски производители

Околу 600 органски производители се впишани во официјалниот регистар што е гаранција дека се органски производители со сите потребни анализи и сертификати на своите производи.

За потрошувачите овој регистар е од големо значење бидејќи во секое време можат да дојдат до информација кој е органски производител, како да се контактира и што произведува.

Оваа алатка која е јавно достапен на интернет ќе им помага и на трговците полесно да дојдат во контакт со органските производители и домашниот пазар да има можност да ја зголеми продажбата на органското производство.

Изработката на регистарот на органски производители е помогнат од швајцарскиот проект ИМЕ за зголемување на пазарната вработливост со чија помош претходно беше изработен и првиот закон за органско и првото сертификационо тело.

Пазарот со органските производи на светско ниво со 13 % годишен раст е вториот најбрзо растечки пазар кој секоја година има се поголеми извозни барања. Со зголемувањето и на домашната потрошувачка во која веќе се вклучија три големи ланци на супер маркети проценките се дека ќе расте и побарувачката за органски производи што отвора голема можност за земјоделците.

 

kanal5.com.mk/

Share Button