fbpx
Вести

Сушата ќе остави околу 14 милиони гладни луѓе на југот на Африка

Околу 14 милиони луѓе од земјите на југот на Африка се соочени со глад заради сушата што оваа година дополнително ја потенцираше Ел Нињо, соопшти Светската програма за храна при ОН.

kanak-kanak-somalia
Најтешко е во Mалави, каде што 2,8 милиони луѓе или околу 16 отсто од популацијата се соочува со глад, а втора најзагрозена земја е Мадагаскар, каде што во опасност се 1,9 милиони луѓе, се вели во соопштението на Светската програма за храна. Трето најзагрозено е населението на Зимбабве, каде што гладот им се заканува на 1,5 милиони луѓе.

„Со оглед на минималното количество на дожд и сè помалку или воопшто простор за садење житарки во некои држави, ситуацијата е алармантна“, се вели во соопштението на агенцијата на ОН.

sushata kje ostavi okolu 14 milioni gladni lugje na jugot na afrika

 

Сушата погоди многу региони, вклучувајќи го и „пченичниот појас“ во Јужноафриканската Република. Таа земја е соочена со најлошата суша во последните неколку децении откако 2015 година беше евидентирана како година со најмалку врнежи од 1904 година. Се претпоставува дека земјата оваа година ќе мора да увезе околу шест милиони тони пченка, што е половина од нејзините потреби.

Сушата оваа година ја влошија исклучително силните последици на Ел Нињо. Сувото и топло време на подрачјето на јужната хемисфера, според најавите на метеоролозите, ќе потрае до април или мај.

rakyat-sengsara

„Недостигот на храна во земјите на југот на Африка е алармантен заради бројот на хронично гладни. Бројот на деца што заостануваат во развојот во Mалави, на Мадагаскар, во Мозамбик и во Замбија, е најголем на светот“, предупреди Светската програма за храна при ОН.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close