fbpx
ВестиТоп вести

Васка Мојсовска – Почитувајте ги жените од руралните средини

 

 

„Руралната жена за жал сеуште се соочува со низа проблеми како оние со  Законот за пензиско и инвалидско осигурување, нема право на породилно отсуство ниту пак боледување. Сето тоа ја става во дискриминаторна  улога. Упатувам порака до сите да ги учат сопствените деца, да ги почитуваат жените од руралните средини и да се залагаат за нивна рамноправност. Во иднина нашите деца да ја пренесуваат оваа порака до нивните потомци, бидејќи само така ќе можеме да се ослободиме од традиционалните синџири  кои не стегаат , нас жените од руралните средини. Им порачувам на овие жени да бидат горди што се жени од рурална средина  и да не се срамат од својата професија и како мајки ако имаат мешани деца  да ги учат на рамноправност и подеднакво да го распределуваат сопствениот имот  и на машките и на женските  деца, изјави Васка Мојсовска од  с.Тимјаник, претседател на Национаната федерација на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена.

 

Во фокусот на активностите  за одбележување на Меѓународниот ден на жената 15 октомври  е дискусијата за „Сопственоста на земјоделското земјиште и имот – предизвик за руралната жена“. Како што велат од Националната федерација на фармери целта е да се истакне улогата на жената за развојот на земјоделството и руралните средини и предизвиците и можностите за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини.

„Жените во руралните средини се невидливи, маргинализирани и оставени сами да се борат за опстанок. Околу 64 отсто од жените во руралните средини не се активни на пазарот на трудот заради нивниот ангажман во домаќинството и грижата за децата, а 47 отсто од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејните фарми. Само 5 отсто од жените ретко се појавуваат како носители на имот и земјоделско земјиште. Најголем дел од нив овие практики и традиции не ги согледуваат како дискриминаторски “, се вели во соопштението од Националната федерација на фармери и Мрежата за рурален развој.

Во овој контекст на барање на Националната федерација на фармери се отстранија дискриминаторските мерки во четиригодишната Програма за рурален развој 2018 -2021 за активна поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство, каде што се бараше: жената мора да е во брак, да има родено едно дете, да е невработена, домаќинка и да живее во населено место од 200 жители на надморска височина од 700 метри.

Барањето беше подржано од Мрежата за рурален развој, Министерството за труд и социјална политика, Шведската организација за развој We Effect, ООН и други меѓународни и национални организации.

Прв пат 15 октомври  како Меѓународен ден на руралната жена е прославен во 2008година.

П.Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close