fbpx
ВестиТоп вести

В петок инфо ден за ИПАРД во Бутел и Јегуновце

Телото за управување со ИПАРД организира дополнителни инфо денови. До сега се реализираа средби во Карбинци, Василево,Новаци и Долнени. В петок  предвидена е средба со заинтересирани земјоделци  во општините Бутел и Јегуновце.

Телото за управување со ИПАРД ја продолжи Кампањата за публицитет на Програмата со нови инфо денови во согласност со продолжувањето на рокот за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД 2014-2020 Програмата од страна на  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Заинтересираните, наместо до 18 ноември апликациите ќе може да ги доставуваат до 3 декември 2019 година.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува точно 16.569.471,00 евра или во денарска противвредност 1.018.926.365,00 денари.

Дополнителни информации и детали, заинтересираните лица може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развоји Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

 

З.Б.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close