Златен клуч за сопственикот на новиот комбајн John Deere
John Deere, основачот на истоимениот бренд уште од самиот почеток во далечната 1837 година aкцентот го ставил на квалитетот пред и над сè.
Позната реченица will never put my name on a product that does not have in it the best that is in me или на македонски ,Јас никогаш нема да го ставам моето име на производ кој што не го содржи најдоброто од мене, сè уште ги води и потсетува сите кои на било кој начин се поврзани со John Deere без разлика во кој дел од светот работат.
Бојан Героски ни ги долови моментите од посетата на тимот на Синпекс на фабриката во Германија каде што се произведуваат тракторите од брендот John Deere.
Тимот на Синпекс постојано работи на интеракција со своите верни купувачи. За таа цел се организираше посета на фабриките на John Deere во Германија и тоа во Манхајм и Цвајбрикен.
28 часовна авантура со мини бус
Патувањето беше долго. Почетна точка Синпекс Битола, крајна дестинација Махнајм, Германија. Беа поминати 4 држави за да се стигни до Германија односно, 1950 км. И покрај долгиот пат и напорното патување, екипата ја водеше силна желба од блиску да се набљудува процесот на производство на John Deere тракторите и комбајните – најдорбиот и најпродаван бренд во оваа индустрија.
Манхајм – градот на Рајна и Некар
Градот Манхајм е вториот најголем град во сојузната држава Баден-Виртемберг по Штутгарт. Брои нешто повеќе од 300.000 жители. Претежно Германци, но од поново време преминува во мултинационален град. Живеат голем број на Турци, доселеници од балканските простори, како и жители од далечниот исток кои по студирањето останале тука да живеат. Се наоѓа на местото каде се спојуваат двете реки Рајна и Некар. Градот можи да се кажи дека преставува релативно мирно и пријатно место за живеење доколу се прави споредба со милионските градови во Германија во кои темпото и динамиката се и тоа како брзи.
John Deere Werke – Градот и фабриката
На 3 км оддалеченост од реката Рајна е лоцирана фабриката на John Deere во која се произведуваат трактори од 6M и 6R серијата. Тракторите од 6М серијата започнуваат од 110 коњски сили до 195 коњски сили, а тракторите од 6R серијата започнуваат од 155 коњски сили до 235 коњски сили. Во оваа фабрика наведените серии се произведуваат за цел свет. Најголем потрошувач на овие трактори се државите во Северна Америка и Австралија со вкупно 34% од вкупното производство. Шпанија, Португалија, Италија и Франција побаруваат 23% од тракторите, а во Германија John Deere od 6M I 6R серијата е застапен со 11%. И покрај тоа што овој процент делува мал, John Deere продава околу 6000 трактори годишно во Германија и со тоа е лидер во нивната земја, пред конкурентските брендови Fendt, Class и останатите. Фабриката во полн капацитет и ангажирање на сите ресурси дневно произведува 140 трактори од 6M и 6R серијата заедно. Се работи во две смени. Главна подршка на оваа фабрика е фабриката во Бруксал каде што се произведуваат голем дел од компонентите на тракторите кои во Манхајм се вградуваат. Во таа фабрика се произведуваат и резервните делови за цела Европа и Азија.
Процес на производство
Посетителите имаа прилика да присуствуваат на целокупниот процес на производство до готово трактор. Сите операции се одвиваат на производна лента каде зависно од обемот на операцијата работат по еден, двајца или неколку оператори. Од блиску се уверивме за начинот на монтирање на трансмисија, монтирање на кабина , монтирање на мотор, поставување на гуми, брендирање на тракторот како и неколку часовна контрола и тестирање на перформансите. На сите овие главни фази им претходат под фази каде се обработуваат и подготвуваат сите делови кои се неопходни за да се добие готов трактор. Вработените се должни да носат заштитни очила. Она што е мошне интересно е фактот дека е забранета употребата на мобилни телефони на работно место. Исто така е забрането фотографирање во производствени хали како и надворешноста на фабриката од страна на посетителите.
Условите за работа во фабриката се беспрекорни. Почнувајќи од целокупниот распоред на работните позиции, просторот за движење на вилушкари, просторот за движење на посетители. И покрај тоа што се работат тешки машински зафати и ласерски сечења во фабриката имате чувство дека се наоѓате на кино. Тоа е благодарение на звучната изолација која ја прави работата пријатна. Исто така модерниот систем за вентилација спречува таложење на непријатни миризби кои би биле присустни поради тешките метали и бои.
John Deere музеј
Во склоп на фабриката во Манхајм се наоѓа и музејот на John Deere. Во него се наоѓаат примероци од првите John Deere трактори кои биле произведени како и машини од брендот Lanz кој функционирал заеднички до средината на минатиот век. Во Македонија сè уште може да се сретнат постари трактори и комбајни кои го имаат логото John Deere Lanz.
Колегијалност и дисциплина
Во фабриката владее исклучителна корпоративна култура. Се почитуваат правата на работниците, се цени нивното мислење и постојано се прават дискусии се со цел подобрување на работата. Еден ден во неделата сите групи имаат двочасовна дискусија за решавање на проблемите, изнаоѓање на поефикасни начини за работа и давање на нови идеи. За почитување на работното време воопшто не станува збор и тоа е воспоставен систем каде што не постои ни најмала можност Германец да задоцни на работа. Сите разговори кои се водат се исклучиво за работата. Нема чаршиски муабети типични за нашите простори, каде што зборуваме за мал милион работи покрај работата.
Квалитетот е константен
Секој произведен трактор е со идентичен квалитет и начин на произведување без разлика од која држава е нарачан. За овој податок нашите купувачи имаа прилика да се уверат на лице место каде на производната лента еден до друг се наоѓаат трактори за Јапонија, Мексико, Македонија, Америка и слично. Задача на секој вработен е да ги постави оние компоненти кои со техничка спецификација ги побарал оној кој на правел нарачката на дадениот трактор. Она што исто така е битно е дека секој трактор кој се произведува е веќе порачан, односно не постои никаква можност процесот на призводство да запре поради немање порачки. Голем дел од нашите купувачи во Македонија знаат дека за трактор од оваа фабрика некогаш се чека и по половина година.
Истражување и развој
John Deere вложува 7 милиони долари дневно за истражување и развој. Тука се вклучени голем број на иновации и технолошки решенија кои ги подобруваат перформансите на машините, но и на операторите. Воспоставен е систем на внатрешна контрола на целокупниот процес на работење и на секој вработен поединечно. Во шега знаат да кажат дека вработените во одделот на контрола немаат многу пријатели во компанијата, поради нивната ригорозност. Сите вработени во компанијата се висококвалификувани за работата што ја вршат. Како пример, вработен во оделот за спремање на трансмисија има поминато 5 годишен процес на обука кој продолжува со пробна работа и постојано следење од страна на стручњаци во таа област, се со цел да биде подготвен на предизвиците што ги бара работното место.
Фабриката за житни и силажни комбајни во Цвајбрикен
Цвајбрикен е мало гратче сместен во југозападна Германија, на само 6 км до границата со Франција. Брои нешто над 34 000 жители и веднаш можеме да направиме споредба со некои наши помали населени места. Но, споредбата е само таму. Градот се наоѓа на поголема надморска височина и затоа имате чувство дека се наоѓате во Австрија, а не Германија и во секој момент очекувате од некаде да се појави тренинг центар за ски скокови или алпско скијање.
Фабриката и процесот на работа
Во оваа фабрика се произведуваат житните комбајни од S, W, T – серијата и силажните комбајни од 8000 и 9000 серијата. Дневно се произведуваат по 17 житни и 5 силажни комбајни, а работат околу 1100 луѓе. Мошне интересен податок е тоа што во оваа фабрика работат голем број на французи кои живеат во непосредна близина. Работното време од 6 часот наутро до 14 часот на пладне во една смена им овозможува на работниците во остатотокт од денот да работат на нивните семејни мали фарми, типични за тој дел од Европа. Процесот на работа е во блага мера потежок од фабриката во Цвајбрикен бидејќи сите делови од кои е составен комбајнот се прават тука и тоа бара вклучување на дополнителен напор и труд.
Златен клуч – исклучителна можност и сатисфакција
Оваа тура во фабриките во John Deere беше под слоганот Златен Клуч која на крај резултираше со доделување на златен клуч на идниот купувач на новиот комбајн John Deere W650 кој што на 4 декември пристигна во СИНПЕКС. Златниот клуч ни беше доделен на денот на посетата од страна на одговорниот менаџер за маркетинг во фабриката. Идниот сопственик на новиот комбајн ќе има прилика да ги увиди бенефитите од работата со новата машина претстојното лето.
John Deere, основачот на истоимениот бренд уште од самиот почеток во далечната 1837 година aкцентот го ставил на квалитетот пред и над се.
Позната реченица I will never put my name on a product that does not have in it the best that is in me или на македонски ,Јас никогаш нема да го ставам моето име на производ кој што не го содржи најдоброто од мене, сè уште ги води и потсетува сите кои на било кој начин се поврзани со John Deere без разлика во кој дел од светот работат, дека квалитетот е тој кој победува и секогаш доаѓа до израз. Во овој период е актуелна фразата Nothing runs like a Deere која често ја користевме и ние во нашата рекламна кампања во оваа година.
На крај ќе додадам дека John Deere претставува една голема фамилија, не само од нејзините вработени, туку од сите овластени дилери во целиот свет вклучувајќи не е и нас Синпекс, како и сите купувачи нa Јоhn Deere кои се заведени во системот без разлика од која земја припаѓаат.
Нас ни преставува чест, но истовремено одговорност и обрвска што стоиме зад овој исклучителен бренд во тракторска индустрија и правиме се за да истото тоа што се случува во Европа го пренесеме тука и со тоа да помогнеме земјоделецот во Македонија да се чувствува горд, исполнет, почитуван и господин. Ние сме тука да му помогнеме да го оствари својот сон, а тоа е барем еднаш во својот живот да има прилика да користи John Deere трактор или комбајн.
За Зелена Берза,
Бојан Ѓеровски