fbpx
ВестиТоп вести

Иницијатива за рестартирање на ЛАГ во општина  Св Николе

Деновиве во општина Св Николе се спроведува иницијатива  за отпочнување со работа на ЛАГ (локална акциона група)  регистрирана од локалната самоуправа  предводена од градоначалникот Сашо Велков.

По примерот на другите  општини во државата и во Св Николе било формирана ЛАГ, но за жал не профункционирала онака како што треба. Како што информира Никола Шалев, еден од иницијаторите за ставање во функција на ЛАГ , се прават последни подготовки околу формирање на тимот кој што ќе треба да ги преземе обврските околу реализацијата на програмата подготвена од иницијаторите.

Земјоделството, животната средина и туризмот се трите столба на кои ќе се темели работата на ЛАГ-от, објаснува Шалев во разговор со Зелена берза.

„Првиот столб е земјата , земјоделството, затоа што  Овче поле и општина Св Николе  е земјодлески крај и овој столб ќе биде  разврска на целокупната проблематика. Оттука произлегува целиот стопански развој  на општината.

Втроиот столб на кој се темели проекцијата на програмата е заштита на животната средина. Многу занчајно,  затоа што со отпочнување на процес на сточарење или  било кој  друг бизнис,  мора земјоделците и  сточарите да бидат дополнително информирани  како  да управуваат со отпадот, а со тоа и да ја штитат  својата фарма и околината.

Третиот столб е туризмот. Во интерес на вистината, до сега ништо не е сторено и покрај тоа што сме општина која може и има што да понуди. Длабоко сум уверен дека има овчеполски производи кои редно е да се брендираат“, посочува Никола Шалев.

Шалев има амбициозна програма и вели дека за почеток ќе се обиде да едуцира млад тим. Има многу што да се сработи и убеден е доколку има поддршка од локалната самоуправа дека за многу краток период ќе се стопира иселувањето на младите, напротив ќе се вратат 10-15% од младите кои сега се раселени низ цел свет.

Градоначалникот на општината Сашо Велков во телефонскиразговор со Зелена берза , потврди дека целосно ја поддржува иницијативата за отпочнувањето со работа на ЛАГ-от. Општина СВ Николе е општина каде населението претежно се занимава со земјоделие така што се што е поврзано со развојот на општината ние ќе го поддржуваме вели тој.

„ЛАГ-от е потребен на земјоделците. Ќе се обидеме да воспоставиме соработка со сите лагови  регистрирани во земјата, да ги слушнеме нивните искуства  и да овозможиме одржлив развој на ЛАГ –от во СВ Николе за целокупното добро и развојот на општината“, го заврши разговорoт со Зелена берза  Никола Шалев.

 

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close