fbpx
ВестиТоп вести

“Нашите дејства се наша иднина! ЗДРАВА ИСХРАНА  за „СветбезГлад”

Cо денешниот настан во Скопје по повод Светскиот ден на храната,  Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и парнерите повикаа на забрзана акција за искоренување на гладот и другите форми на неухранетост и за обезбедување на здрава и одржлива исхрана достапна за секого.

 

Под мотото Нашите дејства се наша иднина! ЗДРАВА ИСХРАНА  за „СветбезГлад”, ФАО заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ООУ “Крсте Мисирков” – Гази Баба и граѓанската организација “Слоу Фуд Водно” и оваа година акцентот го ставија на подигнување на јавната свест за важноста на одржливото производство на храна и здравата исхрана за остварување на глобалната цел Нула Глад.

 

Во своето обраќање на настанот, резидентниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџак, истакна дека постигнувањето на Свет без Глад не се однесува само на прехранување на гладните. Станува збор и за здравата исхрана на луѓето, која вклучува доволно разновидна, безбедна и храна со доволно хранливи материи – истовремено одржувајќи го здравјето на планетата од која сите зависиме. Таа истакна дека треба да го промениме фокусот од производство на повеќе храна – во производство на поздрава храна.

 

Овогодинешниот Светски ден на храната во Скопје повторно се фокусираше на младите, истакнувајќи ја важноста на училишните градини како моќна алатка за подобрување на квалитетот на исхраната и образованието на децата, нивните семејства и заедниците. Основното училиште „Крсте Мисирков“ во Скопје е одличен пример за воведување на практична едукација за животна средина и здрава исхрана во редовната училишна програма, преку сопствената училишна градина за одгледување овошје и зеленчук.

Слични написи

Back to top button
Close