Општина Могила обезбеди швајцарска донација за училиштето во Мусинци и комбе за учениците
Пелагонија
Општина Могила обезбеди швајцарска донација за училиштето во Мусинци и комбе за учениците
Градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска потпиша договор со Швајцарската агенција за развој и соработка за грант од 62 илјади швајцарски франци. Од грантот 50 илјади франци ќе бидат искористени за реконструкција на ОУ„Браќа Миладиновци“ во селото Мусинци и набавка на комби возило за превоз на учениците. Со ова општината продолжува да наоѓа начини за реконструкција на училиштата во населените места во Општина Могила. Неодамна со донација од Бугарија беа реновирани училиштето вo село Чарлија и спортската сала во Бач.
Обезбедени средства за зголемување на транспарентноста на Советот на Општина Могила
Останатите 12 илјади франци од донацијата ќе бидат наменети за зголемување на транспарентноста на Советот на Општина Могила како и учеството на граѓаните во носење на одлуки на локално ниво. Преку проектот, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, советниците на Општина Могила ќе добиваат обуки и поддршка за планирање и трошење на општинските буџети. Тоа ќе значи и имплементација на иновативни ИТ решенија за зголемување на транспарентноста и отчетноста на Општината.
Општина Могила инвестира во подобрување на условите за настава во основните училишта
Општина Могила во 2019 година инвестираше во подобрување на условите за настава во основните училишта.
-Основните училишта во Добрушево, Ношпал, Радобор и Чарлијасекомплетнореновиранисоштоимобезбедивмеподобриусловизапоквалитетнанаставанаучениците, рече градоначалничката на Општина Могила, Гулевска.
Прочистувачи на воздух за основните училишта во Могила и Ивањевци
Основното училиште „Гоце Делчев“ – Могила доби 3 прочистувачи на воздух, а еден прочистувач му беше доделен на училиштето „Кочо Рацин“ во Ивањевци.
Станува збор за набавка на апарати за прочистување на воздухот како дел од активностите од Планот за чист воздух на Владата што се спроведуваат во рамките на борбата против аерозагадувањето.
Општина Могила изгради пешачка патека во населеното место Могила и тротоар за учениците и пешаците во Дедебалци
Пешачката патекаво населеното место Могила е во должина од 500 метри која води до реката каде за празникот Богојавление Водици традиционално се фрла Светиот крст. Изградбата беше на барање на жителите на Могила, а со цел поголема безбедност на учениците и пешаците.
А.Б