fbpx
ВестиТоп вести

Оризот на нивите добро напредува

Топлите денови се добредојдени за полињата со ориз. Земјоделците очекуваат добар род доколку есенските дождови не ја попречат жетвата која треба да почне за десетина дена. Вкупното производство сепак ќе биде двојно помало поради помалку засеаните површини за време на сеидбата кога немаше доволно вода…

Годинава високите температури и оптималните количества на вода за наводнување, според земјоделските стручњаци, се добри за оризот кој досега успешно напредува, особено од почетокот на август кога се формираше зрното во класот. Доколку есенските дождови не ја попречат жетвата се очекува надпросечен род.

Годинава со ориз беа засеани 2.500 хектари или за 50 проценти помалку од лани поради долготрајната суша која ја испразни акумулацијата Калиманци, а рестрикциите во наводнувањето пред сеидбата на површините се покажаа оправдани.

Ниското ниво на водите во реките кои се под просекот за овој период од годината не се доволни ни да ги наводнат површините покрај речните корита, а камо ли да ја наполнат акумулациијата. Вкупните приноси се очекува да бидат меѓу 12.000 и 14.000 тони арпа, а поради останатите залихи проблем за оризопроизводителите е продажбата на родот од ланската реколта.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close