fbpx
ВестиТоп вести

Отворенпрвиот повик за проектни идеи за финансирање преку Зелениот климатски фонд

Националниот совет за одржлив развој на Република Северна Македонија денеска се состана во Скопје за да повика на засилена климатска акција преку стратешко ангажирање со Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Советот беше свикан од страна на Кабинетот на заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонди ФАО. Присуствуваа над 100 претставници на релевантни институции, владини агенции, локалната самоуправа, граѓанско општество, приватниот сектор, академија и меѓународна заедница.

Зелениот климатски фонд е нов партнер за финансирање на инвестиции на државата во “зелен” развој, развој со ниско ниво на емисии и отпорност кон климатските промени. Во рамките на првиот проект на земјата од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд, чии резултати беа презентирани денес, ФАО ја поддржа Владата да воспостави национален механизам, институционална рамка и процедури потребни за ефикасно пристапување кон и распоредување на финансиски ресурси од Фондот.

 

На денешниот настан „Унапредување на климатската акција во Република Северна Македонија “, членови на Националниот совет за одржлив развој, вклучително министри и претставници на академската и бизнис заедницата, се состанаа со цел да ги валидираат клучните резултати на проектот – предлог националниот координативен механизам за донесување одлуки за прашања поврзани со Зелениот климатски фонд, критериуми за приоретизирање на предлог-проекти изработени во Северна Македонија кои би се финансирале преку ЗКФ и т.н. процедура „Без – приговор“ која обезбедува усогласеност на предлозите за финансирање преку ЗКФсо националните приоритети, стратегии и планови.

Една од главнитеулоги на Нaционалниот назначен орган е да гиповрзе напорите спроведени на национално нивосоможностите за пристап до климатски финансии од ЗКФ, и да обезбеди дека активностите се во согласност со националнитеприоритети за климатска акција и гиисполнуваатинвестициските критериуми на ЗКФ.

 

Владатаденеска гоозначи ипочетокот на развојот на Работнатапрограманаземјатаза Зелениот климатски фонд со објавување на отворен повик за проектни идеи кои би се финансирале преку Фондот. Сите заинтересирани засегнати страни вклучително академските установи, националните/локалните власти, јавни и приватни претпријатија, граѓански организации и други правни лица се поканети да достават идеи за проекти кои предлагаат активности за прилагодувањекон или ублажување на климатскитепромени во најмалку еден од приоритетнитесектори, вклучителноенергија, транспорт, водниресурси, земјоделство, отпад, биодиверзитет, здравство, шумарство и културно наследство.

 

Проектните идеи можат да се поднесат со користење на електронската апликација, во која се објаснетичекорите и критериумите за развој на проектна идеја за ЗКФ, наведени во Упатството за апликанти. Новата веб-страницаwww.greendevelopment.mk,развиена во рамки на првиот подготвителен проект од ЗКФ, ќе служи какоклучна комуникацискаалатка за споделување на знаење и информациизаактивноститеповрзани со Зелениот климатски фонд во земјата.

 

„Какоакредитирансубјект на ЗКФ со разновиднознаење и искуство низ целиот свет, ФАО со задоволствојаподдржаСевернаМакедонијавозаедничкоспроведување наовојподготвителен проект од ЗКФ, прв од ваков вид во земјата“, истакнаТанијаСантинавез, менаџер на регионалнатаиницијатива на ФАО за одржливоуправување со природнитересурси. „Оваќегипоставитемелите на националните иницијативи за климатска отпорност и ублажување на климатските промени прекуиднипроектифинансираниодЗелениотклиматски фонд“.

 

Таадодаде дека „имањето пристап до финансирање преку ЗКФќе им овозможи на институциите, општините, граѓанскотоопштество, академијата и приватниот сектор во Република СевернаМакедонија да се вклучат во активности за адаптација кон и ублажување на климатските промени, да развиваат понатамошни проекти,  да гозајакнат иновативниот потенцијал, да ги намалат ранливостите и да искористат неоткриени можности за зелен развој на земјата“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close