Вести
Протест на земјоделците во Карбинци
Предупредувачки протест на земјоделците од Карбинци. Ја блокираа општинската зграда, бараат нова распределба на земјоделското земјиште.
Спорни се околу 300 хектари во атарот на селата Караорман и Таринци. Откако е раскинат договорот со претходниот закупувач, земјиштето е слободно, па дел веќе е узурпирано.
Земјоделците бараат средба со министерот за земјоделство, ако не добијат решение се закануваат со блокада на регионалните патишта.