fbpx
ВестиТоп вести

Се зголемува трговската размена меѓу Р. Македонија и Р Словенија

 

Во рамки на саемот за храна и земјоделство АГРА 2018,што се пдржува во Горња Радгона, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со претседателот на Собранието на Република Словенија и поранешен министер за земјоделство,шумарство и храна Дејан Жидан, одржаа македонско-словенечки бизнис. Како што информираат од ресорното министерство на форумот присуствуваа компании, стопански комори и здруженија  од двете држави.

Од македонска страна на форумот беа презентирани потенцијалите на македонското земјоделско производство, поддршката и можностите за инвестирање во агро-секторот, но и генерално можностите за инвестирање во Македонија, како и туристичката понуда што ја нуди Македонија.

Министерот Николовски а форумот потенцираше дека Владата работи на зголемување на трговскиот биланс со Словенија, а ваквите бизнис форуми се можност за запознавање на фирмите и потенцијалите на двете земји.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија секоја година од буџетот одвојува финансиски средства во износ од пола милион евра, за поддршка на извозно ориентираните фирми, за промоција на нивните производи на странските пазари. Очекувам дека на денешните B2B средби присутните фирми ќе најдат взаемен  интерес, и ќе отворат пат кон меѓусебна долготрајна успешна соработка  во интерес на двете земји. Ги охрабрувам нашите и словенечките компании овој бизнис форум да го искористат за да воспостават односи на доверба, отвореност и пријателство“, порача министерот Николовски.

Претседателот на Собранието на Република Словенија, Дејан Жидан, порача дека вкупната трговска размена помеѓу двете земји лани во споредба со претходната 2016 година бележи пораст, а исто така и оваа 2018 година е регистрирано зголемување.

Инаку, Македонија оваа година за прв пат е земја-партнер на 56-тото издание на еден од најголемите меѓународни саеми за храна и земјоделство во Централна и Источна Европа, АГРА 2018, информираат од МЗШВ.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Слични написи

Back to top button
Close