Бизнисмените од земјоделскиот сектор бараат и да се посвети внимание на агроекологијата, органското производство развојот на интелегентни села.
Долгорочна стратегија за развој на агросекторот во земјата, посебно за сточарството и преработувачката индустрија, увозни олеснувања на суровини како и развој на професионално фармерство потоа изградба на системи за наводнување како и поддршка на компаниите во инвестирањето, бараат бизнисмените од земјоделскиот сектор за да можат да фатат приклучок со европското земјоделство.
Како што рече Васко Ристовски на денешната прес-конференција во Стопанската комора, со нивна реализација ќе се подобри состојбата во земјоделството пред почетокот на преговорите со Европската унија.
– Бизнисите во земјоделството најголем пороблем имаат со воведувањето на новите технологии. Затоа е потребно да се посвети внимание на технолошките иновации, дотолку повеќе што Европската унија во овој дел дава и најмногу пари – рече Ристовски.
извор: Плусинфо