fbpx
ВестиМакедонија

11 општини се со блокирани сметки

Во моментов, блокирани сметки имаат општините Струга, Охрид, Карпош, Тетово, Сопиште, Зрновци, Ресен, Делчево, Пехчево, Градско и Кривогаштани.

Функционираат и со блокирани сметки

Во меѓувреме, единаесет од вкупно 81 општина во земјава со години функционираат со блокирани сметки поради натрупани долгови. Во моментов, блокирани сметки имаат општините Струга, Охрид, Карпош, Тетово, Сопиште, Зрновци, Ресен, Делчево, Пехчево, Градско и Кривогаштани. Што значи блокирана сметка и кога може тоа да се случи? Одговорот е едноставен, неретко се случува кога единиците на локална самоуправа, на пример,  ангажираат фирми да изведуваат градежни или други работи, а потоа не можат да ги платат обврските. Таквите долгови често се натрупуваат па општините не можејќи да ги подмират обврските мора да функционираат со блокирана сметка и со месечен лимит за трошење што им го одредува судот.

Сепак, според Законот, општината чија сметка е блокирана повеќе од шест месеци мора да прогласи финансиска нестабилност, или во спротивно следуваат казни од 5.000 до 10.000 евра.

Ниту еден од градоначалниците не го испочитувал законот, но не ја добил ниту предвидената казна бидејќи од Министерството за финансии не покренуваат иницијатива за тоа. Напротив, наместо да бидат казнети, општините добиваат финансиска инјекција од државниот буџет.

Здружението „Медиа плус“ подолго време ги следи проблемите со натрупаните долгови на општините. Велат дека финансиската нестабилност е воведување на „принудна управа“ во општините.

„Ниту една општина нема пријавено финансиска нестабилност, како што предвидува законот, ниту пак реагирало Министерството за финансии. Градоначалникот сам треба да алармира во Министерството за финансии. Потоа се формира комисија која управува со нејзиното финансиско работење, составена од по еден член од министерствата за финансии и за локална самоуправа, ЗЕЛС, градоначалникот и од Советот на општината. Но, извршните одлуки се на членовите на министерствата“, објаснуваат од ова здружение.

Додаваат дека општината треба да работи според определен финансиски лимит определен од Основниот суд.

„Тоа значи ограничување на сите плаќања, трошења и одливи од општинските сметки, односно обезбедување на средства за основното работење на општината“, велат од „Медиа плус“. https://www.dw.com/mk/%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8-

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close