Замислете си дека уживате во мирна релаксирана вечер, ви текнува дека сакате да си ставите чаша вино за уживањето да биде поголемо, но сфаќате дека немате отворач.
За среќа постојат и други генијални начини како без нервоза да уживате во вашето вино:
1. Со завртка и клешти
Колку е поголема завртката толку подобро. Ставете ја во плутата и во длабочина најмалку од 1.5cm и почнете да влечете на нагоре со клештите.
2. Со џебен нож
Плутата можете да ја отстраните и со џебно ноже кое треба да биде помало споредено со самата плута. Можете да влечете на нагоре или на страна.
3. Со жица и клешти
Со клештите благо превиткајте го едниот крај на жицата и започнете да ја внесувате на страна од плутата, а откако ќе успеете да ја внесете жицата и како кука ја да дофати на другата страна плутата, тогаш почнете со влечење на нагоре.
4. Со спојувалки
Малку исправете ги спојувалките, како на сликата, ставете ги на две спротивни страни од плутата. Навртете ги над плутата и влечете нагоре.
5. Со нож или маркер
Ова подразбира да ја турнете на надолу тапата, не да ја вадите.
6. Чекан и неколку клинци
Набодете ги клинците во плутата, а потоа со чеканот извлечете ги на нагоре заедно со плутата.
Сега конечно можете на мира да уживате во виното…