fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Вишиот управен суд ја врати одлуката за управување на рудникот Иловица на Еуромакс

Ова значи дека се поништува одлуката на државата за раскинување на договорот за експлоатација на концесионерот на Иловица, Еуромакс Рисосрсис.

Вишиот управен суд повторно го отвора прашањето за рудникот Иловица, одбивајќи ја жалбата на второстепената државна комисија за управни спорови. Ова значи дека се поништува одлуката на државата за раскинување на договорот за експлоатација на концесионерот на Иловица, Еуромакс Рисосрсис.

Со тоа останува на сила одлуката на Управниот суд од март годинава со која се наложува најпрво да се реши спојувањето на двете концесии, па дури потоа да се одлучува за раскинување на договорот за експлоатација.

На ваквата одлука синоќа се огласи здружението Здрава котлина со остри критики и кон судот нои кон државата.

Најавуваат бурна година со радикални постапки:„Од сето погоре наведено излегува дека не можеме да бидеме сигурни и заштитени освен ако самите не се избориме за тоа на терен. Како и за се друго во животот. Хиените и вошките од различен калибар се повторно на хоризонтот и се чини дека судирите се неизбежни. Затоа и ние почнуваме со планирање и подготовки за масовни активности во текот на цела 2021 година. Очигледно 2021 ќе биде експлозивна година кога народниот гнев ќе се истури врз сите што упорно си го бараат“, велат од граѓанската организација за одлуката“.

Од министерството за економија засега велат дека не можат да дадат став за одлуката бидејќи таа е испратена до Второстепената комисија чија жалба е одбиена и затоа немаат увид во документацијата.

Засега нема коментар ниту од Второстепената комисија, ниту од концесионерот Еуромакс, којшто последниве месеци е активен со промотивни кампањи за бенефитите од рудникот на социјалните мрежи.

извор : https://telma.com.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close