fbpx
ВестиСовети

Ноземоза

pceli

Кој е причинителот на болеста?

 

Причинителот на болеста е протозоата Nosema apis Zender. Паразитот живее и се размножува во епителните клетки на средното црево на пчелите.

Во неповолни услови создава спори кои се многу отпорни на надворешните услови и остануваат активни подолг временски период.

Во исушен пчелен измет, спорите остануваат активни 1 година а во медот 10 – 11 месеци.

 

Како се шири ноземозата?

 

Меѓу пчелните семејства ноземозата се пренесува:

 

  • Со грабеж
  • Со залетување на заразени пчели во незаразени пчелни семејства
  • Преку собирање на роса од листови на кои има измет со спори
  • Со пиење на вода контаминирана со спори
  • Со спојување на заразаено и незаразено пчелно семејство
  • Со појачување на слабипчелни семејства со рамки заразени со спори
  • Со штетници кои се хранат со угинати пчели од ноземоза
  • Со селидбено пчеларење на заразени пчелни семејства
  • Со купопродажба на заразени пчелни семејства
  • Со употреба на пчеларски прибор и алат контаминиран со спори

 

Меѓу пчелиѕте од исто пчелно семејство ноземозата се пренесува преку заразените пчели кои немаат можност да излезат надвор од кошницата и да се прочистат (непогодни временски услови, зима) па тоа го прават внатре во пчелната заедница.

 

Болеста се препознава со угинување на голем број пчели па дури и угинување на целата пчелна заедница. Оваа форма се јавува најчесто во рана пролет.

Болните пчели имаат зголемен стомак, поради насобраната не сварена храна. Изметот е течен со жолто смеѓа боја и со многу непријатен остар мирис. Пчелите се собираат на полетната штица, вознемирено се вртат во круг и со широко отворени крила, како да потскокнуваат и неуспешно се обидуваат да полетаат.

Често се собираат пред кошницата во вид на грозд и таму угинуваат. Во зимскиот период во кошницата има голем број угинати пчели и при преглед на пчелното семејство на саќето на рамките и на целата кошница се забележуваат темни дамки измет.

При најмал притисок на пчелите на стомачниот дел, од нив се извлекува течен измет со непријатен мирис.

Болеста задолжително се пријавува кај ветеринарен инспектор и се испраќа материјал за лабораториско докажување.

Од секое заразено или сомнително семејство се праќаат по 30 живи или свежо угинати пчели кои се пакуваат во картонска кутија на која се пишуваат точно наведени податоци за сопственикот на пчеларникот, локацијата на пчеларникот, евиденционит број на пчелното семејство и знаците кои ги приметил пчеларот кај пчелното семејство и во пчеларникот.

Дијагностиката на болестите кај пчелите во Македонија се врши во Ветеринарниот Институт – Скопје.

 

Кој превентивни мерки треба да ги превземе пчеларот за да ја спречи појавата на ноземоза во пчеларникот?

 

  • Редовно испраќање пчели од зимските губитоци за лабораториска дијагностика.

 

  • Контролни пролетни и есенски прегледи.

 

  • Правилно зазимување на јаки млади пчелни семејства и нивно невознемирување.

 

  • Снабдување со лесно сварлива храна за зимскиот период.

 

  • Пролетно стимулативно прихранување.

 

  • Правилно сместување на пчеларниците.

 

  • Умерено нефорсирано развивање на пчелното семејство во без пачен период.

 

  • Спречување на роење при крај на летото.

 

  • Редовна смена на старото саќе.

 

  • Редовна замена на матиците, секоја или секоја втора година.

 

  • Применување на санитарно – хигиенски мерки при работа на пчеларникот со почеста дезинфекција на поилките.

 

  • Спалување на многу слабите заразени пчелни семејства.

 

  • Лечење на заразените пчелни семејства со соодветни лекарства и префрлање на пчелите од заразени во дезинфицирани кошници.

 

 

 

Петар Трајковски , Советник во АПРЗ

 

 

 

 

   

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close